• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Еуролинк: Бесплатна школа по уметничко лизгање за деца од 6 до 14 години

9 февруари 2016, 13:55
  • cподели

Децата на возраст од 6 до 14 години ќе можат бесплатно да ги учат техниките по уметничко лизгање на бесплатната школа организирана од компанијата „Еуролинк осигурување“.

Активностите ќе се реализираат во периодот од 23 февруари до 22 март на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, под раководство на професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јашташењски Симиќ.

Ова е единствен проект од ваков тип што има за цел да им овозможи на најмладите во текот на зимскиот период да можат активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин.

Еуролинк

Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата со испраќање мејл на електронската адреса: eurolinkblog@gmail.com.

Мејлот треба да содржи:

  • Име и презиме на детето – учесник;
  • Возраст;
  • Број на лизгалки;
  • Висина;
  • Тежина;
  • Контакт-телефон.

Доколку некоја од горенаведените информации не биде вклучена во мејлот, кандидатот нема да биде земен предвид.

Пријавувањето трае од денес (09.02.2016) до 12.02.2016 (петок). Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен тим што ќе избере 35 деца кои ќе имаат можност два пати неделно да ја посетуваат школата. „Еуролинк осигурување“ на избраните учесници ќе им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.

Часовите во рамките на школа се дизајнирани да ги воведат децата во основите на уметничкото лизгање и да ги поттикнат нивните природни способности и афинитети што можеби понатаму ќе се развиваат и професионално. Сите деца што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество кои ќе им бидат доделени на завршната претстава.

Бесплатната школа за уметничко лизгање е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на образованието, културата и на уметноста.

Tags
Еуролинк осигурување
Еуролинк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.