• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Ешли Грем, најпознатиот модел со облини, стана заштитно лице на H&M Studio

10 август 2016, 09:26
  • cподели

Ешли Грем продолжува да руши бариери во модната индустрија. Најпознатиот модел со облини стана заштитно лице на H&M Studio.

Девојката, која до пред неколку години можеше да добие кампања само како „plus-size“ модел, постојано нижи успеси во светот на модата. Во новата кампања на познатиот шведски бренд, Грем презентира модели од колекцијата есен 2016.

За да ја создаде колекцијата, H&M погледна на женственоста и женската моќ низ призмата на фолклорот и романтизмот.

Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем

28-годишната Канаѓанка, која секојдневно ги инспирира жените да го сакаат своето тело, во интервју за „Harper's Bazaar“ ги потсети жените дека нема стандардна дефиниција за убавина. „Се чувствувам неверојатно. Додека растев немав модели со облини како идоли, главно затоа што немаше жени со облини вклучени во големите рекламни кампањи. Се надевам дека младите жени кои купуваат во H&M ќе ме видат мене во рекламите и ќе се потсетат дека не постои стандардна дефиниција за убавина или совршена големина“ – вели Грем.

Ешли Грем Ешли Грем

Во март, Ешли беше дел од моделите кои ја претставија колекцијата на H&M во Париз. „Колекцијата е за силата и убавината на жената и како ја изразуваме таа моќ преку нашиот стил“ – велат од брендот.

Ешли Грем
Tags
Ешли Грем
H&M

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.