• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ерик Дејн од „Grey’s Anatomy“ во инвалидска количка откако сподели дека боледува од АЛС

1 октомври 2025, 12:50
  • cподели

Ерик Дејн беше фотографиран во инвалидска количка неколку месеци откако јавно објави дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС).

52-годишниот актер, кој е најпознат по улогата на д-р Марк Слоун во „Grey’s Anatomy“ (Вовед во анатомија), пристигнуваше на аеродромот во Вашингтон користејќи моторизирана инвалидска количка, што предизвика големо внимание кај јавноста. Фотографиите ексклузивно ги споделија од Daily Mail.

Ерик Дејн Ерик Дејн Ерик Дејн Ерик Дејн

Ерик се сретна со конгресменот Ерик Свалвел за да разговараат за итната потреба за напредок во борбата против АЛС.

„Имам две ќерки дома. Сакам да ги видам, знаеш, како дипломираат, стапуваат во брак и можеби ќе ми родат внуци. Сакам да бидам тука за сето тоа. Ќе се борам до последниот здив за ова“ – рекол тој.

Ерик Дејн Ерик Дејн

Во април 2025 година, Дејн потврди дека му е дијагностицирана АЛС и побара приватност за себе и своето семејство. Неодамна, тој сподели дека десната рака веќе целосно престанала да му функционира, а левата е во процес на слабеење.

Ерик Дејн

Амиотрофична латерална склероза е прогресивно невродегенеративно заболување кое води до постепена губење на мускулната функција.

View this post on Instagram

A post shared by I AM ALS (@iamalsorg)

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.