• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Емотивно: Брус Вилис, кој се бори со деменција, ја прегрнува ќерка си пред нејзината свадба

17 август 2026, 20:10
  • cподели

Талула Вилис се омажи за музичарот Џастин Ејси.

Најмалата ќерка на холивудските ѕвезди Брус Вилис и Деми Мур стапи во брак на интимна церемонија во Сан Вели, Ајдахо.

„Вог“ ги објави фотографиите од свадбата на 32-годишната актерка и нејзиниот избраник, а еден момент го привлече вниманието на јавноста – присуството на Брус Вилис кој во последните години целосно се повлече од јавноста поради влошената здравствена состојба.

„Нежен момент со татко ми и Џастин на почетокот на свадбениот викенд“ – стои во описот на фотографијата на која 71-годишниот актер ја прегрнува невестата додека со другата рака го држи нејзиниот сопруг за рака.

Во 2022 година, на Брус му беше дијагностицирана афазија, а во 2023 година неговото семејство откри дека состојбата преминала во фронтотемпорална деменција.

На свадбата присуствуваше и Деми Мур, која заедно со Брус ги има ќерките Румер, Скаут и Талула. На фотографиите од свадбениот викенд, Талула беше фотографирана и со мајка си и сестрите.

Среќната невеста носеше уникатна венчаница од Balenciaga, создадена од креативниот директор Пјерпаоло Пичоли. 

Свадбата се одржа во дворот на семејниот дом во Ајдахо, место кое за Талула и Џастин има посебно значење.

Парот потврди дека се вери во декември 2024 година.

Tags
Талула Вилис
Брус Вилис

Најнови

  • „Во оваа тишина се собра сета тага на Кочани што ја почувствува светот“: Светска премиера на филмот на Милчо Манчевски за пожарот во „Пулс“

    Mon, 08/17/2026 - 21:15
  • Емотивно: Брус Вилис, кој се бори со деменција, ја прегрнува ќерка си пред нејзината свадба

    Mon, 08/17/2026 - 20:10
  • Леон

    „Мамо, уште не знам дали ќе дојдат“: Пред 3 години остана сам на роденденот, денес сите се поканети да слават со Леон

    Mon, 08/17/2026 - 15:43
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.