Џеси Џеј имаше тежок период зад себе, а нејзиниот најнов албум допира до срцата на сите кои изгубиле драга личност или кои чувствуваат дека не сакаат повеќе да бидат на овој свет.
37-годишната пејачка, која пред 4 години имаше спонтан абортус, а неодамна се бореше со рак на дојка, го објави спотот за „I'll Never Know Why“. Новата песна е напишана за нејзиниот пријател и бодигард Дејв, кој се самоуби во 2018 година.
Џеси плаче во видеото во кое стои:
Музичкото патување во овој албум е од длабока тага до повторно пронаоѓање на радоста и среќата. Оваа песна е најтажната точка на албумот и сакав тоа да го доловам во овој визуел. Еден кадар. Вистинска тага. Едноставно, тажно и искрено. Не бегам од емоциите. Сакам да ги почувствувам. Не можеш да излечиш нешто што не го признаваш.
Носам дуксер направен за турнејата што ја посветив на Дејв.
Ги прегрнувам сите што го читаат ова и чувствуваат дека не сакаат повеќе да бидат во овој свет. Ве молам, зборувајте со некого. Вие ни требате тука.
Во описот на видеото на YouTube стои:
Се надевам дека оваа песна може да им даде поддршка на сите кои го искусиле губењето на некого на кој било начин. Тагата е ужасно самотно патување и знам дека музиката секогаш може да биде држење за рака.
Исто така, се молам оваа песна да ги потсети оние кои чувствуваат дека никој не се грижи за нив или не ги сака, дека ние се грижиме.
Навистина се грижиме.
Не можам ни да замислам колку е осамено и тешко кога некој не сака повеќе да биде во овој свет. Но, те прегрнувам и ти ја испраќам љубовта и светлината кои заслужуваш да ги почувствуваш, и се надевам дека ќе ги фатиш и ќе ги задржиш.