• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Емотивен гест: Семејството на Аган Асани го посети момчето кое му посвети гол на починатото другарче, му ја подари неговата топка

5 јуни 2026, 11:32
  • cподели

Другарството не познава граници, не знае за вера, нација, ниту за поделби. Тоа зборува само на еден јазик - јазикот на срцето.

Откако јавноста беше потресена од трагичната и прерана смрт на 13-годишниот Аган Асани од Черкезе, младиот Давид Докмановиќ му оддаде почит на своето другарче посветувајќи му гол на фудбалски натпревар.

Прекрасниот гест не остана незабележан и допре до срцата на најблиските на починатото момче. И покрај огромната и незамислива болка за загубата на своето чедо, семејството Асани покажа неверојатна големина и благородност. Тие лично го посетија младиот Давид во неговиот дом за да му кажат едно големо „благодарам“.

Како симбол на благодарност, тие му ја подарија фудбалската топка со која Аган обожавал да игра дома. Емоциите, солзите и силните прегратки меѓу двете семејства за време на оваа средба се овековечени со видео објавено од Open TV. Добриот гест на Давид покажа дека човечноста се учи од мали нозе, во кругот на семејството.

Пред неколку дена, додека славеше по постигнатиот гол, Давид го соблече дресот и ја покажа маицата под него на која стоеше името на Аган Асани, како и зборовите „Почивај во мир“.

Аган беше млад и просперитетен фудбалер од Черкези, Куманово, кој почина откако беше удрен со автомобил додека возеше електричен тротинет на регионалниот пат Куманово-Скопје.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by F.K. Kumanovo Eurosport (@kumanovoeurosportfk)

Tags
Аган Асани
Давид Докмановиќ

Најнови

  • Меган Маркл и принцот Хари со децата

    Игри на плажа, посета на домот на принцезата Дијана: Меган Маркл објави летни фотографии со принцот Хари и децата

    Fri, 07/24/2026 - 14:15
  • Од скромни почетоци до светски метрополи: Пајак ужива во Лондон откако сподели дека никогаш не бил на одмор во Грција

    Fri, 07/24/2026 - 13:40
  • 84 дена се бореше за живот на болница, сега слави дома 3 месеци: Сопругата на Христијан Трајаноски со преслатка фотосесија од ќеркичката

    Fri, 07/24/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.