• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Еминем доби уште едно внуче, неговата посвоена ќерка Аланиа Скот се породи и му даде специјално име на бебенцето

20 април 2026, 10:41
  • cподели

Семејството на Еминем се прошири.

Неговата посвоена ќерка Аланиа Скот роди здраво девојче кое доби специјално име. Аланиа и нејзиниот сопруг Мет Молер споделија фотографии направени во болницата и открија дека бебенцето се вика Скоти Мари, име инспирирано од нејзините сестри Хејли Џејд Скот и Стиви Лејн Скот.

Малечката Скоти е прво дете на парот, а нејзиното доаѓање на свет донесе огромна радост во семејството.

Аланиа на социјалните мрежи ја сподели среќната вест со емотивна порака и го откри длабокото значење на името.

Моето срце надвор од моето тело. Таа е сè и повеќе од тоа. Скоти Мари Молер, родена на 14.04.2026. Добредојде на светот, мое слатко ангелче 🕊️.

Скоти, во чест на моите ‘Скот сестри’. Жените кои му дадоа големо значење на моето име и на мојот живот. Се надевам дека таа сега ќе му даде свое значење и секогаш ќе знае колку е сакана, од мама и тато, и од своите тетки.

До мојот сопруг, не можам да поверувам дека таа е наша. Ти благодарам за најголемиот подарок во мојот живот. Те сакам бескрајно - стои во нејзината објава.

Аланиа и Мет објавија дека очекуваат бебе во октомври минатата година.

Со ова, Еминем по вторпат станува дедо, откако претходно неговата ќерка Хејли доби син во 2025 година.

Хејли Џејд Хејли Џејд

Tags
Аланиа Скот
Еминем

Најнови

  • Ѕвезда со големо срце: Јаков Јозиновиќ изненади мала обожавателка со спинална мускулна атрофија, средбата топи срца

    Fri, 06/12/2026 - 20:00
  • Свадба

    На која возраст Македонците стапуваат во брак и кој месец е апсолутен хит за свадби?

    Fri, 06/12/2026 - 14:10
  • Тони Зен

    „Од Аеродром со љубов“: Тони Зен со емотивна урбана химна за неговото маало

    Fri, 06/12/2026 - 12:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.