• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Емилија од Кратово доби предлог за брак во иглу на Козјак: „Очигледно ме познава одлично, бидејќи направил совршен избор“

9 октомври 2026, 11:35
  • cподели

Некои љубовни приказни не се случуваат преку ноќ. Тие се градат низ годините, низ заеднички соништа, планови, предизвици и мали моменти кои со текот на времето стануваат највредните спомени. 

Токму таква е приказната на Емилија од Кратово и Кристијан, кои по речиси една деценија заедно, стигнаа до едно од најубавите поглавја во нивната љубов – свршувачката.

Кристијан ја запроси саканата во прекрасната атмосфера на Grizzly Igloos на Козјак со феноменален поглед. Тој внимателно го осмисли целиот момент, знаејќи дека природата и планинарењето се нешто кое двајцата особено го сакаат.

За Фемина, Емилија открива како изгледал денот на запросувањето, кој сè бил дел од тајниот план и како Кристијан успеал да го избере прстенот без таа да се посомнева. Среќната девојка раскажа и за нивната љубов која и по сите овие години сè уште ги тера да си влијаат еден на друг на најубав начин.

Како изгледаше денот пред запросувањето и дали воопшто се посомнева дека Кристијан подготвува нешто посебно?

Всушност, немаше ништо необично. Тоа беше нашиот прв ден во Гризли и го поминавме сосема нормално, пазарувавме, се спремавме и се радувавме на викенд исполнет со природа, планинарење и уживање. Дури и следниот ден, откако пристигнавме во Гризли и отидовме на ручек, не се посомневав во запросување. Сега, кога ќе си го вратам филмот, единствено ми е сомнително што Кристијан ми изгледаше малку нервозен, особено кога почна да врне додека бевме во ресторанот. Знаеше дека до иглуто нè чека пешачење по земјен пат, па ако продолжеше дождот, веројатно ќе стигневме целите во кал. За среќа, престана, иако искрено, и да не престанеше, за мене тоа би било уште поромантично.

Што најмногу те допре во самиот начин на кој Кристијан го организираше предлогот за брак?

Најмногу ме допре тоа што целото запросување беше толку симболично за нас. Природата отсекогаш ни била заедничко место за уживање, а планинарењето и планинското трчање ни се и омилено заедничко хоби, па атмосферата на Козјак беше нешто во кое и двајцата навистина се чувствуваме свои. Дополнително, многу ми значи и целиот труд што стоел зад моментот. Кога сфатив колку работи требало да организира и усогласи за сè да изгледа така, сфатив колку многу внимание посветил на целиот момент. 

Како личност на која дел од професијата и е организирање настани, морам да признаам дека бев навистина импресионирана.

Дали во целиот план беа вклучени и други луѓе? Имаше ли некој што знаеше за изненадувањето, а успеа да издржи да не ви открие ништо?

Сестра ми знаела цело време, дури повеќе од половина година, и му помогнала на Кристијан со дел од организацијата. И покрај тоа, не ми беше ни најмалку сомнителна. До последен момент воопшто не се посомневав дека знае нешто, што сега ми е прилично неверојатно со оглед на тоа колку долго го чувале тоа за себе.

Дали Кристијан сам го избра прстенот или претходно сте разговарале за тоа каков накит ти се допаѓа?

Прстенот го избрал сам. Доволно долго сме заедно и доволно добро ме познава за да знае што би ми се допаднало, а очигледно ме познава одлично, бидејќи направил совршен избор.

Како реагираа вашите најблиски кога дознаа дека сте свршени? Дали некој имаше особено емотивна или смешна реакција?

Прва дозна сестра ми, и тоа затоа што околу половина час по запросувањето видов дека имам десет пропуштени повици од неа. Потоа им кажавме на моите, на неговите и на најблиските другарки. Имаше многу солзи и смеа, а скоро сите имаа и коментар дека „веќе било време“, но и дека очигледно вредело да се чека за вакво изненадување.

Вашата приказна е интересна и по тоа што сте растеле и созревале еден покрај друг. Што мислите дека е најважното кое сте го научиле еден од друг во овие години?

Мислам дека најважното што сме го научиле еден од друг е како да си бидеме поддршка, а истовремено да си дозволиме да бидеме свои. Почнавме многу млади и низ годините сме се туркале еден со друг да пробаме нови работи, да си поставуваме поголеми цели и да не се откажуваме лесно, без разлика дали станува збор за работа, трчање, или нешто сосема трето. Од Кристијан научив дека не морам секогаш сè да испланирам до последен детаљ и дека понекогаш најубавите нешта се оние кои едноставно спонтано ќе ги доживееш. А мислам дека јас него го научив малку повеќе да излезе од својата комфорна зона и да се впушта во моите луди идеи. Најубавото е што, после сите овие години, сè уште си влијаеме еден на друг на најубав начин. 

Сега, кога сте свршени и пред вас е ново поглавје, што најмногу ве радува кога ќе помислите на сè што допрва ве очекува заедно?

Се радувам на сè она што сè уште не сме го испланирале. На нови трки, нови планини, патувања, некои наши спонтани одлуки и на сите оние обични денови што можеби никогаш нема да ги фотографираме, а ќе ни останат меѓу најубавите спомени. А секако, се радувам и на денот кога ќе создадеме наше семејство. После сè што поминавме заедно, убаво е да знаеш дека со истата личност сè уште имаш толку многу работи на кои можеш да им се радуваш. 

Tags
предлог за брак

Најнови

  • Емилија од Кратово доби предлог за брак во иглу на Козјак: „Очигледно ме познава одлично, бидејќи направил совршен избор“

    Fri, 10/09/2026 - 11:35
  • Актерката Амернис Нокшиќи прослави роденден, изгледа фантастично и на чекор до 50-тата година

    Fri, 10/09/2026 - 10:49
  • Пајак сподели дека има девојка, откри и како се вика

    Fri, 10/09/2026 - 10:48
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.