Емили и Габриел се среќаваат во Грција: Прв тизер за финалната сезона на „Emily in Paris“
Емили Купер пристигна во Париз со план да остане една година. Шест сезони подоцна, во градот во кој дојде поради работа изгради живот, а сега треба да одлучи дали таму ја гледа и својата иднина.
Netflix го објави првиот тизер за шестата и последна сезона на „Emily in Paris“, која ќе се прикажува од 24 декември. Видеото се навраќа на првите денови на Емили во францускиот главен град, на нејзиното пријателство со Минди и на романсите со Габриел, Алфи и Марчело.
Во новите кадри, Емили и Габриел се среќаваат во Грција. Локацијата беше навестена на крајот од петтата сезона, кога тој ѝ испрати разгледница оттаму. Тизерот се навраќа и на љубовниот триаголник на Минди. Таа го набљудува Алфи крај базенот додека нејзиниот свршеник Нико стои зад неа.
Според официјалниот опис на сезоната, неочекувани проблеми на работа и промени во љубовниот живот ќе ја натераат Емили, која ја толкува Лили Колинс, да избере меѓу кариерата, она што ѝ го кажува срцето и животот кој го изградила во Париз.
Во тизерот, Емили и Минди наздравуваат за „уште една последна приказна“.
Тизер за „Emily in Paris“