• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Емануел и Брижит Макрон тужат инфлуенсерка која тврди дека француската прва дама е маж

25 јули 2025, 10:03
  • cподели

Францускиот претседател и првата дама поднесоа тужба против американската инфлуенсерка Кендис Овенс.

Емануел и Брижит Макрон ја тужат за клевета американската политичка коментаторка која тврди дека Брижит е маж.

Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон

Во документацијата од 218 страници поднесена до судот во Делавер, САД, парот навел дека Овенс го употребила „апсурдното“ тврдење за да ја зголеми својата публика и профитот, водејќи „кампања на глобално понижување“ и „немилосрдно малтретирање“ за слава и остварување финансиска добивка.

„Поради тоа што госпоѓа Овенс систематски ги потврдуваше овие лаги како одговор на постојаните барања на нашите адвокати за повлекување, на крајот заклучивме дека отворањето на судски предмет е единствениот начин да го разрешиме ова“

„Кампањата за клевета на г-ѓа Овенс беше очигледно дизајнирана за да нè вознемири и да предизвика болка кај нас и кај нашите семејства и да привлече внимание и озлогласеност. Ѝ ја дадовме секоја можност да се откаже од овие тврдења, но таа одби.“

„Наша искрена надеж е дека оваа тужба ќе ја покаже вистината и ќе ја заврши оваа кампања за клевета еднаш засекогаш“ – стои во изјавата на Емануел и Брижит.

Во меѓувреме, Овенс жестоко ја брани својата позиција изнесена во YouTube видео дека Брижит е родена како маж.

Извори блиски до францускиот пар тврдат дека Брижит била доведена во очајна позиција поради онлајн малтретирањето поттикнато од тврдењата дека таа е родена како маж и дека сексуално го злоупотребувала нејзиниот сопруг додека бил момче.

Емануел и Брижит Макрон

Бракот на Брижит и Емануел долго време е жешка тема не само во Франција, туку и низ светот. Тие се запознаа во 1992 година, кога таа имала 39, а тој само 15 години. Емануел учел во ист клас со нејзината ќерка кога за првпат се сретнале.

Подоцна, Брижит се разведе со сопругот и започна врска со Емануел со кого стапи во брак во 2007 година. Тие немаат заеднички деца.

Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.