• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Eliot and I“ – слушнете го првиот сингл на Мими, ќерката на Раде Шербеџија

13 октомври 2022, 11:20
  • cподели

Милица-Мими Шербеџија ја објави својата прва песна насловена „Eliot and I“. Како музичарка, таа се води под псевдонимот Елиот Алма.

Ќерката на Раде Шербеџија пее за нејзините најинтимни и најискрени чувства и мисли, како и за животните искуства.

„Eliot and I“ ќе биде дел од нејзиниот прв музички албум, кој ќе содржи 6 песни за кои музиката и текстовите го напиша Мими, а бендот кој ги отсвири песните вклучува нејзини пријатели и колеги од факултет.

Слушнете ја песната:

Милица ги следи стапките на нејзиниот татко Раде Шербеџија, кој покрај тоа што е светски познат актер, е и успешен музичар. Тие многупати имаат заедно изведувано познати песни.

„Целата наша фамилија Шербеџија-Удовички е некако посебно среќна и горда. Нашата Милица ја објави својата прва песна од нејзиниот нов албум. Елиот Алма. Тоа ѝ е уметничкото име. Се сеќавам кога ја возев во Лос Анџелес до нејзиното училиште близу Малибу. Ни требаа 40 минути за да стигнеме до училиштето, така што рано се будевме и тргнувавме на пат во 7 наутро. Имаше 13 години и пишуваше песни. Ја земаше гитарата и до училиште ми ги пееше нејзините нови песни. Многу беа, речиси секое утро имаше по една нова.“

„Мислам дека малку се разбирам во поезија, но стиховите на нашата мала ќерка потполно ме разоружаа со стилот и нивната длабочина. Како да ги отпеала некоја стара душа. Сега таа е млада и зрела жена. Знам, веројатно нејзините песни ќе полетаат во светот и ќе ги најдат своите слушатели, ама јас со нетрпение се радувам на привилегијата дека таа прво ќе ми ги отпее мене, на мајка ѝ Ленка и на сестрите Нина, Вања и Луција“ – напиша популарниот актер на Facebook.

Мими наскоро ќе ја промовира и песната „Unchained“.

Промоцијата на целиот албум е најавена за средината на ноември.

Tags
Раде Шербеџија
Мими Шербеџија
Елиот Алма

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.