• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ им посака добредојде на станарите во новиот современ станбен објект Connect5+

8 октомври 2024, 17:01
  • cподели

Реномираната градежна компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ викендов ги отвори вратите на новиот современ станбен објект Connect5+ и им посака добредојде на станарите во нивниот нов дом со адреса во скопската населба Аеродром.

На свечениот настан, на станарите им беа врачени клучевите со што симболично беше означена успешната реализација на уште еден ултра квалитетен проект на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ.

Елена Лука Хоум

ЕЛЕНА ЛУКА, сопственичката и генерален менаџер на компанијата, на станарите им честиташе за новиот успешен почеток во нивниот живот и им се заблагодари што токму Connect5+ го одбрале за своја животна инвестиција.

„Добредојдовте во вашиот нов дом, во Connect 5+! Денес е посебен ден за сите нас, но најмногу за вас – новите жители на овој модерен и урбан станбен објект. Ова е почеток на ново поглавје во вашите животи, поглавје исполнето со радост, успех, среќа, задоволство и секако нови амбиции. Connect 5+ од сега ќе биде само ваша привилегија, ваше место каде што секој од вас ќе создава убави моменти и спомени. Проектот беше осмислен со цел да понуди највисок квалитет на модерно живеење, современа архитектура и функционалност која ќе ги задоволи сите ваши барања и потреби. Со внимание посветено на секој сегмент од изградбата, ELENA LUKA HOME за вас создададе простор кој спојува модерна естетика, квалитет, енергетска ефикасност, како и урбан животен стил со реноме, поврзани во еден персонализиран концепт иделано прилагоден на секој од вас.“

„Неизмерно задоволство и чест ми е што денеска сведочиме на радоста на нашите станари и особено сум горда што ни ја дадовте довербата и ја избравте токму ELENA LUKA HOME и Connect5+ да бидат значаен дел од вашата животна приказна. Вашите реакции зборуваат дека успеавме да ги орпавдаме и највисоките очекувања, а тоа лично за мене е најголема сатисфакција. Connect5+ не е само станбен објект, туку е и остварување на нечиј животен сон, реализација на сопствен дом, нечија остварена желба и почеток на нов живот. Нека вашиот нов дом ви донесе мир, хармонија и многу убави моменти. Од срце ви посакувам благосостојба и успех во вашиот нов животен простор.Честитки за новиот почеток и добредојдовте во Connect 5+“, им се обрати ЕЛЕНА ЛУКА на станарите кои во голем број беа присутни на свеченото отворање на Connect5+.

Елена Лука Хоум Елена Лука Хоум Елена Лука Хоум

Connect 5+ не е само нов станбен објект во градот. Овој проект е симбол на модерната архитектура на површина од 12.276м2 кој што го одразува духот на современото живеење. Во концептот на домување на Connect5+ кој вклучува 108 станбени единици кои варираат со квадратури од 42м2 до 86м2, секој од станарите веќе гопронајде својотсовршен дом што го репрезентиранивниот начин на живот. Она што го прави Connect 5+ навистина посебен се неговите пет карактеристики – Уникатен, Современ, Урбан, Квалитетен и на Топ локација. Токму овие пет елементи ја дефинираат визијата на проектот, што ќе овозможи дом каде станарите ќе се чувствуваат спокојни, исполнети и инспирирани.

Елена Лука Хоум Елена Лука Хоум

Фасадата на објектот, не е само што е естетски импресивна туку и високо енергетски ефикасна, обезбедувајќи природна светлина и циркулација на воздух во текот на целата година. Воедно, обезбедените паркинг места и помошните простории го заокружуваат квалитетното домување во објектот.

Connect 5+ е дом што создава баланс меѓу динамиката на градот и спокојството на приватниот простор. Неговата исклучителна локација во близина на транспортниот центар, со отворена панорама на Скопје, го прави идеално место за живот во современата метропола.

Елена Лука Хоум Елена Лука Хоум

ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ посветено и интензивно периодов работи на повеќе локации. Во фокус на компанијата е изградбата на премиум станбено-деловниот објект FUTURA 2, втор по ред објект во рамки на комплексот FUTURA лоциран во општина Кисела Вода, на одлична локација - булевар „Борис Трајковски“, како и на ултра современиот објект MELODY, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба во населбата Железара.

ELENA LUKA HOME продолжува да гради според светски стандарди, посветена на мисијата за максимално квалитетно, иновативно, функционално и урбано живеење.

Елена Лука Хоум Елена Лука Хоум Елена Лука Хоум

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.