Елегантен пар: Жизел Бундшен како модна божица во бела креација покрај сопругот Том Брејди
Жизел Бундшен заедно со Барбара Стрејсенд беше наградена за активизмот за зачувување на животната средина на синоќешната Hollywood Science Gala.
На сивиот тепих, 38-годишниот супермодел позираше покрај сопругот Том Брејди со кого си разменија и бакнеж пред фоторепортерите. На свеченоста, атрактивната Бразилка изгледаше како модерна божица во бела креација од Стела МекКартни, сандали од Николас Кирквуд и накит од Шопард.
Жизел ја доби наградата за нејзината заложба за подигнување на свеста за потребата да се преземе акција за да се зачува планетата.
