• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Во земјата на чудата

Екстерно тестирање – од една поинаква перспектива

18 јуни 2013, 09:00
  • cподели

Еден од последните денови од учебната година, ќерка ми дојде од училиште расплакана. Мислев дека ѝ е жал што завршува учебната година и што нема да се види со другарчињата до септември, но не – таа беше разжалостена од сосема друга причина - не сакала да биде четврто одделение затоа што тогаш ќе имале „екстремно“ тестирање! Знаејќи колкава паника се имаше кренато во нејзиното училиште околу екстерното тестирање, веднаш сфатив дека „екстремното“ е всушност екстерно тестирање. Не знам колку се свесни наставниците дека нивните реакции за екстерното тестирање создаваат огромен страв кај нашите деца, а од страв нема никаква потреба. 

Тестирање

Мене ми се допаѓа идејата за екстерно тестирање, дури и се прашував зошто не постои такво нешто многу години пред да го воведат. Завршив средно училиште во едно од подобрите училишта во земјава, но кога се запишував на факултет морав да платам партиципација бидејќи на факултетот којшто го избрав имаше многу голема конкуренција, а јас имав изгубено неколку поени од успех, бидејќи не ми беа сите петки од прва до четврта година. Имаше студенти кои имаа завршено во многу послаби училишта, но со подобар успех, кои се запишаа без партиципација – иако со подобри оценки од мене, немаше споредба на моето и нивното знаење. Тоа беше моментот кога се прашав – зошто нема некој тест кој ќе го мери знаењето во сите училишта, за да се знае реалниот успех на учениците? 

На тој начин ќе бидат заштитени оние кои вложиле повеќе труд бидејќи учеле во подобри училишта. И оние кои немале врски, па им останала по некоја послаба оценка. И оние кои имаат наставници или професори кои сметаат дека ученикот може да знае за тројка, наставникот знае за четворка, а само Господ знае за петка, па и покрај целиот труд што го вложиле, сепак не можат да добијат петка, која со толку вложен труд сигурно би ја имале во друго училиште. Едноставно кажано, со такво оценување ќе бидат заштитени учениците кои играле според правилата, но и наставниците кои добро си ја завршиле работата. Малку ме плаши тоа што се крена толку голема фама околу екстерното тестирање. Се надевам дека мерењето на знаењето преку екстерно тестирање, како идеја, не им пречи на толку многу професори и ученици. Во спротивно, тоа би бил многу лош показател за нашето образование.

Има една поговорка – „Патот кон пеколот е поплочен со добри намери“. И најблагородната идеја ќе пропадне со лоша реализација. Тој што е одговорен за спроведување на екстерното тестирање требал да процени дали сите услови за спроведување се задоволени, или можеби е подобро да се почека уште некоја година, а дотогаш да се прават пробни тестирања кои би придонеле моделот да се усоврши. Не знам точно што сé се случи на екстерното тестирање оваа година, бидејќи ниту мојата работа има допирна точка со образование, ниту моите деца беа дел од тоа, бидејќи сé уште се мали. Но и она што го слушнав беше повеќе од доволно да се доразочарам од нашиот образовен систем, од кој и онака бев доволно разочарана.

Прво, според она што го слушнав, поставувани биле сосема несуштински прашања, што верувам дека е сосема спротивно од целата идеја за вакво тестирање. Учениците треба да ја запомнат суштината на секој од предметите, а не да се оптоваруваат од споредни, сосема непотребни информации.

Второ, слушнав дека и лицата надлежни за надзор на тестирањето на учениците им ги кажувале одговорите на прашањата. Зошто тогаш имаше потреба од екстерно тестирање, ако на учениците им се кажуваат одговорите на прашањата?!? Којзнае колку време и пари се потрошени за неговото осмислување, за на крај да биде упропастено од самите оние кои би требало да се погрижат за тоа процесот да се спроведе како што треба.

И трето, откако ќе се случи ваков дебакл, доблест е да се признае грешката, и оценките да не се сметаат за валидни. На овој начин и наставниците и учениците и следната година ќе има некој којшто ќе им помогне да ги исправат грешките коишто ги правеле во текот на годината. Наместо да ги учиме децата да бидат одговорни и независни, на овој начин постигнуваме обратен ефект.

Колку и да се удираме во гради дека сме многу „учена“ нација, реалната состојба кажува нешто сосема поинакво, а екстерното тестирање може само да ни помогне да се споредиме со другите и да видиме на што треба да работиме за да станеме подобри. Еден од најголемите проблеми за инвеститорите во Македонија е недоволно квалификуваната работна сила. Згора на сé, Македонија има највисока стапка на „brain drain”, или емиграција на високо квалификувана работна сила, во регионов. И оној малку високо квалификуван кадар којшто го имаме, бега од државата. 

Уште што треба да се случи за да сфатиме колку е важно образованието?

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.