Егзотично бегство во рајот: Каролина Гочева и Михаил Корубин уживаат во магијата на Сејшелите
Каролина Гочева и Михаил Корубин ги заменија зимските температури и урбаните џунгли со тропско сонце и тиркизно море. Шармантниот пар уживаше на една од најатрактивните дестинации во светот.
„Македонското девојче“ преку социјалните мрежи ни дозволи накратко да ѕирнеме во нивниот приватен рај на Сејшелите. На фотографиите кои го одземаат здивот, ја гледаме нашата ѕвезда во опуштено издание.
Сејшелите се познати по својата недопрена природа, а популарната македонска двојка дефинитивно знае како да го искористи секој момент од оваа „егзотична фантазија“.