• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Ефикасно решение во борбата против целулитот

28 мај 2018, 10:30
  • cподели
Тело

Голем дел од жените денес страдаат од појавата на целулит кој ја прави кожата да изгледа помалку атрактивна, односно со изглед сличен на кора од портокал.

Целулитот се појавува како резултат од повеќе фактори како што се недоволната физичка активност и намалена циркулација, неправилната исхрана која се состои од големи количини масти и шеќери, како и поради други фактори вклучувајќи ги хормоните, гените и метаболизмот.

За намалување на целулитот како и спречување на негова појава треба да се практикуваат физички вежби, но не смее да изостане и секојдневната нега на кожата со препрати против целулит.

Sattwa балсамот против целулит во себе содржи активни материи насочени директно кон отстранување на причините за појава на целулит како што се намалена циркулација и намален одлив на течности и маснотии. Екстрактот од бршлен дава затоплувачки ефект и дејствува на ширењето на крвните садови што овозможува зголемена циркулација, и прилив на храна и на кислород во масното ткиво.

Кофеинот пак има диуретичко дејство и помага при исфрлањето на вода и маснотии од организмот и разградување на нерастворливиот тип маснотии во клетките. Овие активни материи се вградени во немасна подлога која содржи висок процент на вода за полесно интегрирање на балсамот со ткивата и со клетките.

Sattwa и Good Nature

Ги разградуваат маснотиите

Ја подобруваат циркулацијата

Со диуретичко дејство за исфрлање на вода и маснотии

За постигнување на уште подобар ефект антицелулитниот третман се препорачува да се надополни со Good Nature Cellulite Mix чајот кој претставува мешавина од повеќе билки кои допринесуваат за зголемување на обемот на течноста која се исфрла од организмот, директно влијаејќи на исфрлањето на штетните материи присутни во организмот, вклучувајќи ги и мастите. Билките во мешавината помагаат во процесот на разградување на вишокот на масти, олеснување на работата на црниот дроб и прочистување на крвта и овозможуваат подобра циркулација при што се подобрува и онаа во масните ткива.

Sattwa балсамот против целулит и Good Nature Cellulite Mix чајот претставуваат единствен целокупен третман на база на природни состојки кои ќе ви помогнат во постигнувањето совршен изглед на вашето тело.

Tags
целулит

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.