• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Едноставноста е секогаш ин: LG G3, достапен во Vip

18 август 2014, 12:07
  • cподели

Подобрени перформанси, поедноставена корисничка употреба и збогатени основни елементи - LG G3, најновиот смарт-телефон на LG Electronics, сега е достапен во Vip. Проверете зошто овој модел ги зазема насловните страници на сите светски портали.

LG G3

Основни елементи

Благодарение на тенкиот дизајн, овој модел е практичен за употреба. Неговиот класичен изглед е дополнително софистициран благодарение на неговата метална поставка, која истовремено го зголемува и комфорот при носење и употреба. И покрај тоа, LG G3 е исклучително лесен. Неговиот софтверски дизајн е направен со цел да одговара на потребите на корисникот на брз начин, па со тоа отстранети се сите непотребни елементи кои би можеле да претставуваат визуелен хаос, правејќи го едноставен и прегледен за употреба. Истовремено, со цел да се зголеми просторот, намален е бројот на вклучени апликации, со тоа што функциите на истите сега се интегрирани.

Quad HD екран

Ексклузивниот модел на LG - LG G3 ви нуди кристално јасна слика, со извонреден 5,5-инчен екран поддржан од 538ppi. Со живописни бои и висока резолуција од 2,560х1,440 пиксели, сега имате опција да испечатите квалитетни фотографии за Вашиот албум.

Паметна тастатура

Пишувањето на екраните на допир е несомнено потешко отколку на останатите QWERTY тастатури, но овој модел Ви нуди флексибилна големина на тастатурата за поголема прегледност, опција која овој проблем го елиминира. Дополнително, Smart-personalization опцијата ги оптимизира зборовите кои најчесто ги користите во листа на предлози при пишување. Seamless Typing е опција која помага при довршување на зборовите, а Quick Mode ги коригира погрешените зборови на едноставен начин.

LG G3

OIS+ камера

OIS+ камерата од 13MP ги содржи следниве опции:

Dual LED блиц

Намалената светлина во просторијата не е предизвик за овој модел. Осветлете ги Вашите фотографии благодарение на BSI (Back Side Illuminated) сензорот, со чија помош блицот креира појасни слики дури и при намалена видливост. Двата типа на светлина ја тонираат самата слика во поприродни бои.

Ласерски авто-фокус

Напредната OIS (Optical Image Stabilization) опција вградена во самата камера, дополнително го зголемува квалитетот на фотографиите. Благодарение на ласерот кој веднаш го мери растојанието на објектите и автоматски го фиксира, оваа опција го подобрува фокусот и го намалува тресењето, со што се намалува и заматеноста на кадарот.

Touch & Shoot

Современиот дизајн тежнее кон едноставност со фокус на самите корисници, овозможувајќи им пред сè, подобро искуство. Со таа цел, отстранети се и визуелните елементи кои најчесто пречат при сликање. Така прегледноста е зголемена, сликата појасна, а сè што треба да направите е да го поставите фокусот на кадарот и со еден допир да направите одлична фотографија.

Софистицирана предна камера

Популарноста на Selfie фотографиите е инспирација за овој производител да вклучи и софистицирана предна камера. Со помош на оцпијата Flash UL, како и со едноставната selfie функција, добивате светли, живописни фотографии.

LG G3

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.