• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Една од ретките дами кои смеат да носат бело пред Папата: Кралицата Летиција беспрекорно елегантна во Барселона

16 јуни 2026, 10:30
  • cподели

Минатата недела, во Барселона се одржа свечена миса на која Папата Лав IV ја благослови новозавршената кула посветена на Исус Христос во величествената базилика Саграда Фамилија.

Настанот беше проследен од илјадници граѓани, а сведоци на овој историски чин беа и кралот и кралицата на Шпанија.

За оваа посебна пригода, кралицата Летиција изгледаше беспрекорно елегантно во софистицирана креација. Таа се појави во бел фустан со прав крој од брендот Redondo, надополнет со бели сандали и складна чантичка.

Летиција е една од ретките дами во светот кои смеат да носат бело пред Папата. Ова се должи на протоколарен код познат како „привилегија на белото“ (privilège du blanc). Привилегијата е само за мал број католички кралици и принцези и претставува исклучок од традиционалното правило според кое жените треба да носат црна облека на средбите со папата.

Истата креација, Летиција ја носеше на инаугурацијата на Папата Лав во 2025 година.

Tags
кралицата Летиција

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.