• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Папата Лав ја благослови кулата на Исус Христос од црквата Саграда Фамилија во Барселона, имаше спектакуларно светлечко шоу

11 јуни 2026, 11:46
  • cподели

По цели 144 години од почетокот на изградбата, црквата Саграда Фамилија во Барселона го дочека својот историски и симболичен триумф. Неодамна беше завршена изградбата на 18-тата и последна кула на базиликата, со што ова архитектонско чудо официјално стана највисоката црква во светот.

Во рамките на својата официјална шестдневна државна посета на Шпанија, Папата Лав IV ја посети Барселона и одржа свечена миса со која симболично се одбележа ова големо достигнување. Настанот се поклопува и со 100-годишнината од трагичната смрт на генијалниот архитект Антони Гауди, кој почина во 1926 година.

На свечениот чин, кога Папата ја благослови последната завршена кула посветена на Исус Христос, присуствуваа и шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.

Во рамките на овој историски настан во Барселона, се случи спектакуларно мултимедијално шоу со светла, дронови и огномет кое ги остави присутните без здив.

ВИДЕО:

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Basílica de la Sagrada Família (@basilicasagradafamilia)

 

Посетата на Папата на Шпанија предизвика масовна еуфорија во земјата. Пред да пристигне во Барселона, во Мадрид се случија неверојатни собири: на централниот плоштад се собраа рекордни 1,2 милиони луѓе, додека претходната вечер половина милион млади Шпанци присуствуваа на масовно ноќно молитвено бдение. Бдението привлече големо внимание во јавноста бидејќи се одржа во исто време со целосно распродадениот концерт на светската музичка ѕвезда Bad Bunny, со кого Папата подоцна остварил и приватна средба.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Basílica de la Sagrada Família (@basilicasagradafamilia)

Саграда Фамилија (Светото Семејство) е една од најнеобичните, најкомплексните и најпосетуваните цркви на планетата. Иако изградбата започнала во 1882 година под раководство на архитектот Франсиско де Паула дел Виљар, само една година подоцна проектот го презел младиот Антони Гауди.

Гауди целосно го променил дизајнот, внесувајќи го својот препознатлив стил кој комбинира готика, арт нуво (модернизам) и органски форми инспирирани од природата, создавајќи внатрешност која наликува на камена шума. Тој бил толку посветен на црквата што последните години од својот живот ги поминал живеејќи во студиото во самата базилика. Таму е и погребан, во криптата на црквата. Папата Лав е првиот папа која го посетил неговиот гроб.

Иако со благословувањето на 18-тата кула заврши најкомплексниот дел од проектот, базиликата сè уште не е целосно финиширана. Во следниот период градежните работи ќе продолжат на Фасадата на Славата (Glory Façade), која е најголемиот и главен влез во црквата, заедно со монументалните скалила, а финалното завршување на сите придружни елементи се очекува да трае најмалку до 2034 година.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jordi Martin (@jordimartinpaparazzi)

Tags
папата Лав IV

Најнови

  • Живко Мукаетов во „Низ град со Кики“

    Тегет коса, домашни журки и лекции по воспитување: Непознатата страна на Живко Мукаетов

    Thu, 06/11/2026 - 13:12
  • „Ќе те кренат, па те газат, од секој збор скандал прават“: Тамара Тодевска ја објави моќната балада „Кукла жива“

    Thu, 06/11/2026 - 12:04
  • Папата Лав ја благослови кулата на Исус Христос од црквата Саграда Фамилија во Барселона, имаше спектакуларно светлечко шоу

    Thu, 06/11/2026 - 11:46
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.