• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Една година подоцна: Слатка фотосесија на мајката која природно забремени со 5 бебиња

10 април 2017, 13:17
  • cподели

Пред нешто повеќе од една година, Ким Тучи го одушеви светот со својата издржливост и посветеност кога на свет донесе 5 бебиња зачнати по природен пат. Шансите да се забремени со петорка природно се 1 на 60 милиони.

Сите бебиња на Ким сега се во одлична здравствена состојба, а на крајот од јануари годинава тие го прославија својот прв роденден. Ким пред неколку дена сподели фотографиите од роденденот на своите малечки, заедно со фотографии од семејна фотосесија.

Покрај слатките Тифани, Пенелопе, Беатрикс, Алисон и Кит, на фотографиите се и Ким со сопругот Воун и нивните две поголеми ќерки, 5-годишната Ејва и 3-годишната Индијана.

Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи

Видео од роденденот на славната петорка

Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи

Пред да забремени, 27-годишната Австралијка и нејзиниот сопруг со месеци се обидувале да добијат трето дете, за кое Ким се надевала дека ќе биде момче. Подоцна, нејзе ѝ била дијагностицирана ендометриоза и ѝ било соопштено дека цревата ѝ се слепени за лузната од претходниот царски рез, како и дека има зголемен десен јајник.

Но, парот не се откажал од намерата за проширување на семејството. Неколку месеци по добивањето на дијагнозата, Ким го видела посакуваниот позитивен тест за бременост. Но, најслаткото изненадување допрва претстоело.

„Главната докторка дојде да ме прегледа и започна да брои ЕДНО, ДВЕ, ТРИ, ЧЕТИРИ, ПЕТ!!! Дали слушнав правилно? ПЕТ? Нозете започнаа да ми се тресат неконтролирано и сè што можев да направам беше да се смеам. Време е да му се јавам на сопругот. Мислам дека не ми веруваше на почетокот, но брзо допатува до собата за ултразвук. Можев да му ја видам возбудата на лицето кога ми рече: Можеме да го направиме ова“ – напиша Ким на својата страница на Facebook.

Поради ризикот за бебињата и за здравјето на мајката, на Тучи ѝ била дадена можност да задржи само две од бебињата на кои да им даде најдобра шанса за преживување, но таа храбро одлучила да ги роди сите пет.

И не згрешила, бидејќи сите бебиња се во одлична здравствена состојба.

Ким им посака добредојде на своите деца непосредно пред да влезе во 30. недела од бременоста.

Ким Тучи Ким Тучи

Кратко по породувањето, Ким сними фотосесија со која стана хит на интернет.

„50 прсти на рацете, 50 прсти на нозете, 6 срца кои чукаат истовремено. Моето тело ја водеше најтешката битка за да донесе тука безбедно пет бебиња. Сè што направив, го направив за нив“ – напиша Ким на Facebook при објавувањето на фотографии од фотосесијата.

Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи
Tags
Ким Тучи

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.