• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Една година подоцна: Парот кој по осум години неплодност доби два пара идентични близначки

4 јануари 2016, 11:20
  • cподели

Ешли и Тајсон Гарднер два дена пред Нова година го прославија првиот роденден на своите 4 ќеркички. Парот од Јута во 2014 година го расплака светот со својата приказна за осумгодишната борба со неплодноста и со неверојатната вест дека ќе добие два пара идентични близначки.

Иви, Инди Меј, Есми и Скарлет се родија во 29. недела од бременоста и тежеа по помалку од 1 килограм, а сега ги изненадуваат родителите со своето неверојатно брзо растење. Нивниот прв роденден беше овековечен со прекрасни фотографии.

Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон

Слатките сестрички беа фотографирани и за време на празниците:

Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон

Ешли, која страда од ендометриоза, забремени со ин витро постапка, но веста дека ќе добие четири деца беше вистинско изненадување за неа. Нејзината реакција во моментот на дознавањето на среќната вест беше овековечена со фотографии и стана интернет хит.

Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон

Додека се бореле да добијат позитивен тест за бременост, Ешли и Тајсон ја криеле својата ситуација од најблиските, но прашањата „Кога дете?“ биле пречести за тие да можат да останат рамнодушни на нив. Затоа решиле да се отворат пред семејствата и да ја споделат својата приказна. Поддршката која ја добиле била огромна.

„Беше тешко кога постојано нè прашуваа зошто сè уште немаме деца. Ми се смачи да давам изговори за нешто што не беше под моја контрола и емотивно ме засегнуваше многу. Се отворив и не можев да поверувам колкава поддршка добив од сите. Дури и од луѓе кои не ги познавам. Беше прекрасно чувството да не морам повеќе да ја кријам оваа ужасна болест на неплодност и отворено да зборувам за тоа! Научив дека многу други парови поминуваат низ истото. И оттогаш имам можност да им помогнам на многу други кои се мачат и се чувствуваат сами во текот на тоа патување кое го крши срцето“ – раскажа Ешли во интервју за CNN. Ешли и Тајсон

Многумина будно го следат нивното емотивно патување преку социјалните мрежи и на блогот „Gardner Quad Squad“. Потсетете се на него:

Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон
Tags
Ешли Гарднер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.