Игор Џамбазов е пресреќен што е во близина на неговата сестра Татјана, која долги години живее во Сан Франциско, САД.
Славеничката, која е архитектка-технологист со светска кариера, покрај својот познат брат го прослави својот 61 роденден. Игор не пропушти да сподели заедничка фотографија, а во описот напиша:
Една е сестра.
Плус од Америка.
😛😛😛
Доаѓа како торнадо,
си оди како пролетно ветренце...
Иако живеат на различни краеви од светот, Игор и Тања се многу блиски и имаат одлична комуникација.
При една заедничка средба, тој повторно ја спореди сестра си со „пролетен ветер“, пишувајќи:
Како пролетен ветер залутан во септември.
Доаѓа неочекувано, пријатно пирка, и тотално те освежува.
А потоа го снемува, уште пред да ги отвориш очите.
Систер, ти и не сфаќаш колку ми недостасуваш...
„Ние имавме многу малку контакт. Животите ни беа на двајцата тотално непредвидливи. Меѓутоа, секојпат кога ќе се видиме како до вчера да завршил разговорот и сега си го продолжуваме кафето. Сме се прифатиле какви животи имаме. Секогаш сме биле двајцата еден за друг тука“.
„Горда сум на многу работи. Прво, што остана во Македонија. Игор имаше шанси да биде што сака и да оди каде сака“ – рече Тања за Игор во подкаст со Стефан Лазаров.
Игор и Тања се деца на актерката Анче и маестро Александар Џамбазови.
