Едита Арадиновиќ го покажа телото по породувањето: „Операција, рана, болни гради... а се очекува веднаш да се вратиш во нормала“
Пејачката Едита Арадиновиќ искрено проговори за периодот по породувањето и покажа низ што минува нејзиното тело еден месец откако со царски рез ја роди својата ќерка Зоиа.
33-годишната српска пејачка на социјалните мрежи сподели фотографии од периодот по породувањето, а покрај нив напиша силна порака за промените кои ги носи мајчинството, како и за очекувањата на околината жените брзо да се вратат „во нормала“.
„Добар ден!
Неснајдена, чувствителна, тажна, среќна, лута, благодарна, преплашена и храбра, сè во исто време. Човекот е многу повеќе од еден збор. Сите сакаме да си лепиме етикети едни на други, па дури и самите на себе, и тоа многу често несвесно, но тоа е невозможно. Не буди секоја личност и секоја околност исти емоции во нас, зарем не?
Помина нешто повеќе од еден месец од породувањето со царски рез.
Девет месеци бременост, операција, рана, болни гради, доење, хормони, стравови и целосно нов живот.
На жената понекогаш ѝ треба и до една година за да се опорави, а околината често очекува сè веднаш да се врати во нормала.
Додека си ненаспана, те боли и се обидуваш да сфатиш дали воопшто нешто правиш како што треба, понекогаш не стигнуваш ни да јадеш, да се истушираш или на раат да одиш во тоалет. Сè се менува, а од тебе се очекува да се однесуваш како ништо да не се случило.
Затоа е важно кого пуштаме блиску до себе кога сме најранливи. Опкружете се со луѓе покрај кои не мора да бидете на штрек, со оние кои нема дополнително да ве повредат кога сте слаби.
Тоа е лекот за постпартум периодот. 🫂
Имам среќа што сум опкружена со прекрасни жени кои ме подготвуваа, а иако никогаш не си целосно подготвен, доволно е некој да те „види“ и да те прегрне – со зборови, со топлина, со тишина…
Јас, додуша, сум контрол-фрик и бебето не го давам никому. Тоа немојте. 😵💫🤣
Денес сум подобро. Ненаспана, но исполнета. Семејството по кое со години трагав сега го имам дома. Велат дека домот е таму каде што си ти. И точно е.
На жените кои штотуку минуваат низ ова: ќе помине!!!
Знам дека понекогаш изгледа како да нема да помине, но фазите поминуваат!
А наградата е безвременска. 🤍
П.С.
Килажата се врати, телото памети и враќа! 🙏🏼“
Едита стана позната преку учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а од 2014 до 2018 година беше членка на популарната група „Министарке“.
По напуштањето на групата, започна успешна соло кариера, а пошироката публика ја запозна и преку музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, каде што го освои третото место.
Во јули 2026 година Арадиновиќ ја доби ќерката Зоиа.