• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Еден од најстабилните бракови во Холивуд: Хју Џекман се отвори за љубовта кон сопругата со која е во брак 21 година

21 декември 2017, 11:25
  • cподели

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес го имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд. 49-годишниот актер и 62-годишната актерка и продуцентка пливаат во брачните води веќе 21 година, а предизвиците во животот само ја прават нивната љубов посилна и нераскинлива.

Во интервју за People, филмската ѕвезда отворено зборуваше за љубовта и поврзаноста со саканата Деб.

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес

„Јас буквално сум возрасната личност во оваа врска. Од моментот кога се запознавме таа беше како мало дете, забавна, енергична, спонтана. Отсекогаш сум верувал дека во бракот, знаеш дека ќе има многу подеми и падови. Имаше огромни подеми и огромни падови. Една од среќните околности во мојата кариера е што започна доцна и јас и Деб веќе бевме заедно, тим, лудо вљубени, буквално пред да започне сето тоа. Нашиот приоритет е семејството и ние сме еден покрај друг без оглед на сè“ – изјавил Џекман.

„Ако ме гледате, дури и на Оскарите, излегувам и ја ставам раката на срцето и секогаш гледам во Деб во публиката. Веднаш потоа, не сакам да видам никој друг во соблекувалната, сè додека не дојде Деб. Бидејќи тоа е мојата основа, тоа е карпата. Tоа е основата на нашата фамилија, а со тоа и на мојот живот. Сè друго е она што се случува на површината, но под површината каде што е реално, мирно и длабоко, тоа е љубовта која ја имам за Деб“ – додал тој.

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес

Хју и Дебора-Ли се запознале на снимањето на серијата „Correlli“ во 1995 година. Тие стапија во брак на 11 април 1996 година. По два спонтани абортуси, парот посвои две деца, Оскар, кој сега има 17 години, и Ава, која има 12 години.

Пред неколку години, Џекман отворено зборуваше за борбата со неплодноста и посвојувањето: „Да бидеме јасни, јас отсекогаш сакав да посвојам. Тоа секогаш беше наш план. Не знаевме кога ќе се случи, но биолошки се обидовме да имаме деца и тоа не се случи. Поминавме низ ин витро и Деб имаше неколку спонтани абортуси. Никогаш нема да го заборавам спонтаниот абортус, тоа се случува на една од три бремености, но многу, многу ретко се зборува за тоа.“

Деновиве, Хју и Деб беа заедно на премиера во Сиднеј и беа фотографирани со двете деца.

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес
Tags
Хју Џекман

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.