„Еден град помалку за една година“: Реакции на социјалните мрежи за запрепастувачкиот факт дека од септември ќе има 4.900 првачиња помалку
Најавата дека во новата учебна година во Македонија би можело да има околу 4.900 првачиња помалку во споредба со лани предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Граѓаните ја опишуваат состојбата како сериозен демографски аларм, а многумина коментираат дека бројките веќе не се само статистика, туку реалност која се чувствува во училиштата, градовите и селата.
„Еден град помалку за една година“, „За 10 години од сега духови ќе ви одат на училиште“, „Барајте ги по Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Италија итн.“ – се само дел од коментарите што се споделуваат на социјалните мрежи.
Повод за реакциите беа податоците кои ги соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според досегашните уписи, во септември во училишните клупи ќе седнат околу 4.900 првачиња помалку отколку минатата година. Иако уписите сè уште не се завршени, од Министерството очекуваат дека и по дополнителниот уписен рок, бројот ќе остане најмалку 3.000 помал од ланскиот.
Одделенскиот наставник Илчо Јовески предупреди дека станува збор за сериозен сигнал.
„Првачињата се нашата иднина. Фактот дека оваа година има 4.900 првачиња помалку е загрижувачки. Тоа не е само бројка, туку предупредување дека државата се соочува со иселување и намален наталитет. Потребни се подобри услови за живот и поголема поддршка за младите семејства. Само така училиштата повторно ќе бидат исполнети со детска смеа и надеж за подобра иднина“ – порача Јовески.
На X е сé поголем бројот на реакции на оваа негативна вест:
4.900 првачиња помалку, ако се поделат на просечно по 30 деца во клас, тоа се 164 класа помалку.
164 класа, ако се земе во просек да се по 3 класа во едно училиште, тоа се 55 училишта што ќе останат празни, непотребни во државава‼️ pic.twitter.com/L3eJ6rGMUB— Лично Јас (@DekiMladenovski) August 6, 2026
4600 помалку запишани првачиња !!
АЛАРМ !!!
Мора да се реагира веднаш !!— Аleksandar (@juvesnake) August 7, 2026
4900 помалце првачиња.
На родилка и фалат органи, друга остана инвалид, живи луѓе гореа, се труеме со вода, воздух, ги лечевте болните од рак со вода,
150д за оброк по студентски шо немааат услови,.
Секаде ти треба пријател, запре легализацијата, за документи се чека месеци.— МенталисТ (@SmetaloLevo) August 7, 2026
Што се чудиме на помал број на првачиња. Тој број ќе станува се помал. Прво и основно жените немаат институционална заштита кога ќе останат бремени. Секој ден читаме како одма ги бркаат од работа. Финансиска сигурност нула. И тоа е само една од многуте причини у оваа вукојебина.
— Nikola (@Hem1car) August 7, 2026
Први во Европа според пад на запишани првачиња!
*Во 2020. година родени се 19.000 деца, а сега се запишуваат 13.000...
Дали 6.000 се иселиле за 6 години (заедно со родители тоа се 18.000 иселени граѓани)? pic.twitter.com/f6lQbaSJSL— Bastardo (@Ufrlen_Huligan) August 7, 2026
2025 Vs. 2026: над 3000 помалку запишани првачиња.
Од 2018/19 до 2025/2026 бројот на запишани намален за 27%.
Овде не се бројот тие кои си заминуваат во текот на годината.
Извор:ДЗС.
Како вака во земјата каде куповната моќ е поголема од 6 земји во ЕУ (според Евростат). pic.twitter.com/hkgPpohC5k— Kiril Efremovski (@kefremovski) August 7, 2026