• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Ѕвездите од детската серија „Наше Маало“ се обединија повторно – Кој е поводот?

18 јануари 2018, 13:28
  • cподели

Сигурно се сеќавате на детската серија „Наше маало“, особено ако сте дете од крајот на 80-тите или почетокот на 90-тите години...кога со нетрпение чекавме да дојде недела за да ја видиме омилената зграда Кармен и нејзините мудри совети, па често си замислувавме дека и нашата куќа или зграда ќе ни проговори.

Ги паметиме вредностите и поуките од кои сите, па дури и возрасните научија, на другарството на кои нè учеа Диме, Мали, Зана, Ице, Џелјан, Филиз, Бени и другите маалски другарчиња од населбата Пролет.

Наше маало

Денес, 18 години подоцна, повторно се собраа хероите од нашето детство во зградата на Кармен, во истата таа просторија. Со истата позитивна енергија како времето да не застанало, гордо потсетувајќи се на безгрижните денови кога се снимаше серијата.

A дали нешто подготвуваат и кој е поводот за нивното повторно обединување, останува да видиме.

Наше маало

Со 41 епизода во 5 серијали, емитувани во периодот од 1999 – 2004 г., хероите на „Наше маало“ нè учеа како да ги надминеме стереотипите и како да живееме заедно . „Наше маало“ беше серија за меѓусебно почитување и разбирање, без разлика на етничката припадност. Приказна за пријателството на деца од сите четири националности, на кои не им беше ништо друго важно, освен да се дружат и да ја зачуваат нивната заедничка тајна – Кармен. „Наше маало“ беше лекција за љубов.

Топла препорака за сите оние кои се сеќаваат и растеле со „Наше маало“ – побарајте ги епизодите на интернет и потсетете се. Покажете им ги и на вашите деца времето и вредностите со кои ние сме растеле.

И да ве потсетиме на она што во моментот си го потпевнувате: Само едно е, едно е „Наше маало”, само едно е, ова зградуле мало...

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.