Ѕвездата на Марвел се опоравува: Џереми Ренер со порака од болница откако беше прегазен од ратрак
По трагичната несреќа кога беше прегазен од неговиот ратрак на Нова година, Џереми Ренер испрати порака од болничкиот кревет.
51-годишната ѕвезда од „Avengers“ им се заблагодари на фановите за љубезните зборови и им ја испрати својата љубов. Ренер објави селфи фотографија на Instagram и напиша:
„Ви благодарам на сите за љубезните зборови. Премногу сум збунет во моментов за да пишувам. Но, ви испраќам љубов на сите“.
Актерот е во критична, но стабилна состојба, а имаше и две операции по инцидентот од пред неколку дена.
Ренер го расчистувал патот со помош на неговата машина за снег тешка 6.500 килограми. Потоа излегол и започнал да разговара со член од неговото семејство кога ратракот започнал да се тркала. Џереми се обидел да влезе на шоферското седиште за да го запре и тогаш бил прегазен од него.
