• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Душко останува нашата најсилна ѕвезда“: Семејството Чифлиганец со емотивна порака на годишнината од погребот на Душко

6 август 2026, 14:59
  • cподели

Една година по последното збогување со Душко Чифлиганец, неговото семејство и вработените во „Адора Бизнис Групација“ објавија емотивна порака во која истакнуваат дека споменот на него останува жив, а неговите идеи и вредности продолжуваат да ги водат.

На годишнината од неговиот погреб, тие порачаа дека ќе продолжат да го следат аманетот и визијата кои им ги оставил, истакнувајќи дека Душко засекогаш ќе остане „нивната најсилна ѕвезда“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Adora Business Group (@adora.business.group)

Денес е точно една година од последното збогување со нашиот син, брат, вујко, другар, пријател, соработник и менаџер, но пред сè – човек со срце отворено кон сите.

Велат дека времето лекува сè. Но кај нас, со секој изминат ден, сè посилно се чувствува физичкото отсуство на Душко. Тој и понатаму е дел од нашето секојдневие, во разговорите, во одлуките што ги носиме, во вредностите што ни ги остави и во секој проект што го продолжува неговиот начин на размислување.

Душко на секој предизвик му пристапуваше со посветеност, визија и желба секогаш да се пронајде подобро решение. Не прифаќаше нешто да биде само „доволно добро“. Веруваше дека квалитетот не е избор, туку одговорност.

Зад Flatiron, Diamond Garden, 21 Century Zlatibor, Ivory by Adora и Prime Capital by Adora, како и зад многу нови идеи за развојот на Адора, останува неговиот препознатлив печат. Но неговото најголемо наследство се луѓето што ги мотивираше и инспирираше да размислуваат пошироко и никогаш да не се задоволуваат со просечното.

Душко не беше само потпретседател на компанијата. Беше човек, другар и личност што умееше да ги обедини луѓето околу себе. Ги сакаше животот, спортот, пријателите и семејството. Живееше со полни гради, искрено и со големо срце. Сакаме да им се заблагодариме на сите пријатели за утешните зборови по најголемата можна загуба во животот на човекот. Им благодариме и на верниците на кои храмот Св. Јован Крстител – Општина Аеродром им е исто така дом за утеха и на сите што беа со нас, што ни упатија зборови на сочувство и што со својата човечност ни дадоа сила да ја носиме болката и да останеме на нозе.

Денес живееме за аманетот и за нереализираните идеи што ни ги остави. Како семејство и како Адора Бизнис Групација, ќе направиме сè што е во наша моќ неговите идеи, проекти и визии да станат реалност.

Иако физички повеќе не е меѓу нас, неговата визија продолжува да нè води, неговите вредности да нè обврзуваат, а споменот за него да живее во секој успех, секоја нова идеја и секој чекор напред.

Душко останува нашата најсилна ѕвезда, чија светлина засекогаш ќе нè води.

Семејство Чифлиганец

Ванчо, Данка, Евангелина, Драгана, Рашо, Јован, Бранко и Дане

Вработените во Адора

Душко Чифлиганец загина како последица на повредите од мото-несреќа во Брно, Чешка.

Како заменик-претседател на групацијата „Адора“ и директор на „Adora Living Solutions“, беше активен во семејниот бизнис. Надвор од деловниот свет, беше препознатлив по својата голема страст кон моторите, која со години ја претвораше во сериозен спортски ангажман. Пред трагичната смрт, тој се едуцираше и живееше во Дубаи.

Неговите две сестри Драгана и Евангелина споделија пораки и фотографии на денот на годишнината од неговата смрт.

„Празнина како вулканска дупка. Болка за која никогаш не можев ни да помислам дека ќе ја доживеам. Наместо празник – тага до крајот на животот 

Помина една година а болката не стивнува само е поголема од ден на ден. Недостигаш во секој ден, во секој здив и во секој момент.

Те сакам бескрајно“ – напиша Драгана, објавувајќи фотографија од местото каде се случи неговата несреќа во Брно.

Евангелина сподели заедничка фотографија направена на плажа на зајдисонце и напиша:

„Една година откако го изгубивме нашиот брат. Празнината сè уште останува, а сега го гледам во секое зајдисонце и во сè што е убаво на оваа Земја.“

Tags
Душко Чифлиганец

Најнови

  • „Душко останува нашата најсилна ѕвезда“: Семејството Чифлиганец со емотивна порака на годишнината од погребот на Душко

    Thu, 08/06/2026 - 14:59
  • „Уживам во ова“: Балерината Стефанија Гаштарска се искачи на Титов Врв со саканиот Амар Мециновиќ

    Thu, 08/06/2026 - 13:35
  • Северина

    „Анксиозна сум...“: Северина ја објави новата песна од музичката трилогија

    Thu, 08/06/2026 - 13:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.