• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи“: Сопругата на Ристе Велков со трогателни пораки за него и синот Адам по нивната смрт

25 мај 2026, 20:50
  • cподели

Македонската јавност беше потресена по страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија четири лица, меѓу кои оперскиот пејач Ристе Велков, неговиот 20-годишен син Адам и уште две 20-годишни момчиња.

Не постојат зборови со кои може да се опише празнината во срцата на нивните најблиски. Скршената сопруга на Ристе и мајка на Адам се огласи на социјалните мрежи со потресни пораки кои расплакаа стотици граѓани.

Христина Велкова се збогуваше со својата прва радост, синот Адам, признавајќи дека не знае како ќе го продолжи животот без него.

Ах, Адам мој! Прва радост моја! Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи! 
Си замина без поздрав, без да те прегрнам и помирисам за последен пат. Ме научи многу работи, но не ме научи како да живеам без тебе, без твојата најубава насмевка, без твојот глас.
Збогум чедо мајкино, не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко.
Ќе биде многу тешко без тебе.
Збогум најмил мој!

Христина се прости и од својот сопруг Ристе, опишувајќи го последното испраќање како филмска, но сурова сцена, во која и самата природа сочувствувала со нивната болка. Ужалената Христина вети дека ќе собере сила за нивната малечка ќерка Марија.

Збогум љубов моја! 
Збогум кралу мој!
Збогум мој NABUCCO! 
Денешното испраќање до твоето вечно почивалиште беше токму како сцена од „Nabucco”- силна грмотевица и гром го погоди мојот Набуко, но овој пат засекогаш.
Денеска и небото плачеше со нас за тебе и за нашиот принц Адам. Чувај го таму горе како што го чуваше овде на земјата, а јас ти ветувам дека душата ќе ја дадам за да ја пораснам и изведам на прав пат нашата малечка Марија.
ЗБОГУМ ЉУБОВ МОЈА.

Tags
Ристе Велков

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.