• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Душата ми е распарчена стари...“: Таско скршен од тага се збогува со Панчо од ДНК

14 октомври 2025, 10:42
  • cподели

Веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо ја потресе јавноста, а уште подлабоко ги погоди неговите најблиски, меѓу кои и неговиот пријател Христијан Тасковски.

Таско скршен од тага преку социјалните мрежи со црно-бели фотографии и емотивна објава се збогуваше со Панчо, кој како што вели, го чувствувал како „роден брат“, изразувајќи неверување и огромна болка по ненадејната загуба:

Христијан Тасковски Христијан Тасковски

Душата ми е распарчена стари...

Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам.

Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.

Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг...

Стари мој, сè што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.

Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе го носам пламенот во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш...

Христијан Тасковски Христијан Тасковски Христијан Тасковски Христијан Тасковски

Панчо, заедно со Андреј Ѓорѓиески, беше дел од ДНК уште од 2002 година. Дуото остави длабока трага на македонската музичка сцена.

Во пожарот во Кочани згаснаа животите на речиси сите членови на ДНК - пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.

Панчо Објава на Ана Костадиновска за ДНК Објава на Ана Костадиновска за ДНК

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.