• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Дуа Липа од фестивалот во Приштина директно на црвениот тепих во Њујорк покрај сопругот Калум Тарнер

6 август 2026, 10:13
  • cподели

Дуа Липа и Калум Тарнер го имаа своето прво појавување на црвениот тепих како брачен пар, два месеци по нивната свадба во Италија.

30-годишната пејачка отпатува во Њујорк директно од фестивалот „Sunny Hill“ во Приштина за да го придружува 36-годишниот актер на премиерата на романтичната комедија „One Night Only“, во која тој ја има главната улога.

Поп-ѕвездата со косовско потекло блесна во впечатлива црна креација со длабоко деколте изработена по мерка од Ferragamo, додека нејзиниот сопруг заведуваше во темносин костум од Louis Vuitton комбиниран со светложолта кошула и пругаста вратоврска.

Парот со широки насмевки позираше пред фотографите.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Access Hollywood (@accesshollywood)

Филмот, во режија на Вил Глак, во кината пристигнува на 7 август.

Дуа и Калум во јуни го кажаа судбоносното „да“ на романтична церемонија во Сицилија, во историската вила Валгуарнера, во близина на Палермо, откако претходно официјално склучија граѓански брак во Лондон.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Неколку недели по свадбата, пејачката сподели интимни фотографии од прославата, на кои носеше уникатна венчаница од високата мода на Chanel, украсена со кристали и пердуви.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Љубовната приказна на Дуа и Калум започна во 2024 година, а во јули 2025 година споделија дека се вериле.

Tags
Дуа Липа

Најнови

  • Македонската актерка Тамара Ристоска шармантна „Аргентинка“ на снимањето на сцена од српски филм во Буенос Аирес

    Thu, 08/06/2026 - 10:25
  • Дуа Липа од фестивалот во Приштина директно на црвениот тепих во Њујорк покрај сопругот Калум Тарнер

    Thu, 08/06/2026 - 10:13
  • Торта на 7 ката, им пееше и Лозано... Иван Милевски од „Ѕвездите на Гранд“ направи гламурозна свадба со убавата Сара

    Thu, 08/06/2026 - 09:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.