Кети Пери исполни роденденска желба на девојче на концертот во Приштина и се дружеше со „домаќинката“ Дуа Липа
Изминатиов викенд беше исполнет со спектакуларни концерти низ регионов. Еден од нив беше концертот на Кети Пери во рамките на „Sunny Hill Festival“ во Приштина.
На музичкиот настан, 41-годишната пејачка изведуваше свои хитови, влезе во џиновско шише и беше носена на раце низ публиката, а еден од најемотивните моменти беше кога се симна во публиката и запеа со мало девојче од Албанија.
„Кога мајка ми ми кажа дека доаѓаме, плачев со часови и не можев да зборувам. Ова е мојот роденденски подарок. Ѝ благодарам на мајка ми што дојдовме тука“ – рече низ солзи слатката Ера.
Како роденденски подарок од Кети за Ера, тие заедно ја испеаја „Roar“.
a dream come true singing “Roar” with 10-year old Era in Pristina ♥️
Пери позираше со Дуа Липа, чиј татко Дукаѓин го организира музичкиот фестивал.