• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Драга идна мајко: Топли пораки од 15 лица со Даунов синдром

17 март 2014, 14:49
  • cподели

E-mail порака на една трудница испратена до „CoorDown“, национална организација за лицата со Даунов синдром во Италија, го поттикна создавањето на емотивното и инспиративно видео „Dear Future Mom“.

Во пораката идната мајка објаснила дека нејзиното неродено дете има Даунов синдром. „Се плашам: каков живот ќе има моето дете?“ – запрашала таа.

Видеото нуди одговори на нејзиното прашање од 15 лица со Даунов синдром, а секој од нив има сила да ви го стопли срцето.

„Драга идна мајко, не плаши се. Твоето дете ќе може да прави многу нешта. Ќе може да те прегрнува. Ќе може да трча кон тебе. Ќе може да зборува и да ти каже дека те сака... Драга идна мајко, твоето дете може да биде среќно, како што сум и јас. И ти ќе бидеш среќна исто така...“

Видеото е направено по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром кој се одбележува на 21 март.

Tags
Даунов синдром
инспиративно
реклама

Најнови

  • Соња Антоновска, Билјана Стефановска и Елена Јовановска Талевска

    „За забоболка патуваме до Скопје“: Мајки на дечиња со посебни потреби од Битола отворено за секојдневните битки

    Tue, 02/24/2026 - 12:53
  • Ужас: Мажите во Авганистан легално можат да ги тепаат своите жени, забранети се само скршеници и отворени рани

    Tue, 02/24/2026 - 12:44
  • Среќен крај на приказната со осаменото мајмунче Панч кое се утешуваше со плишена играчка

    Tue, 02/24/2026 - 10:43
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.