• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Доживотен затвор за фемицид: Италија најстрого ќе го казнува убиството на жена

28 ноември 2025, 12:05
  • cподели

Италијанскиот парламент едногласно изгласа закон со кој фемицидот, убиството на жена мотивирано од полот, станува посебно кривично дело казниво со доживотен затвор. 

Гласањето симболично се одржа на 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

Овој закон доаѓа по силната реакција на јавноста предизвикана од убиството на 22-годишната Џулија Чекетин во 2023 година. Студентката со десетици убодни рани беше убиена од страна на нејзиниот поранешен партнер, а тој случај ја потресе Италија и предизвика масовни протести. 

Нејзината сестра, Елена, јавно проговори дека корените на насилството врз жените ги гледа во патријархалните општествени структури и културата на силување.

Законот, предложен од премиерката Џорџа Мелони, беше поддржан и од власта и од опозицијата. Италија станува една од ретките европски земји, покрај Кипар, Малта и Хрватска, кои го дефинираат фемицидот како посебна категорија во кривичниот законик.

Со новите одредби, секое убиство на жена мотивирано од полот ќе биде регистрирано и истражувано како фемицид. Според податоците на италијанскиот статистички институт ISTAT, во 2024 година биле забележани 106 фемициди, од кои 62 биле извршени од партнер или поранешен партнер на жртвата.

Tags
фемицид
Италија

Најнови

  • „Летај насмеан, не беше роден за овој свет“: Пријателите и колегите со емотивни зборови се збогуваат со Кили

    Thu, 03/12/2026 - 12:24
  • Синот на Ози Озборн доби петта ќерка, ја крстија по нејзиниот легендарен дедо кој почина минатата година

    Thu, 03/12/2026 - 10:53
  • Дарко Лазиќ скршен од болка и во солзи по трагичната смрт на брат му во сообраќајка: „Изгубив половина од мене“

    Thu, 03/12/2026 - 09:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.