• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Доживејте го Крушево од свежа перспектива со СКОПСКО Smooth и No Man’s Land

20 ноември 2020, 09:42
  • cподели

Третото патување со СКОПСКО Smooth и No Man’s Land е посветено на откривање на Крушево на малку поинаков начин. Како? Од птичја перспектива, или поточно, од перспектива на параглајдингот што е едно од најуникатните искуства кои овој град ги нуди. Одвојте еден викенд и посетете го Крушево и уверете се и сами зошто се најде на листата на најсвежи локации во Македонија. Во продолжение може да го погледнете видеото и да прочитате што ни раскажаа No Man’s Land:

Има некои места кои ти зборуваат за животот на поинаков начин и каде што животот те сака тебе на поинаков начин.

Такви места се небото и облаците.

Гледаш секогаш горе, високо горе...

Кон небото, под облаците.

Зошто си човек... прикован на земјата.

Но, дамнешна била човековата желба за летање.

Таква беше и нашата желба. Конечно Македонија да ја видиме од воздух, но не од авион кој не носи „до и од" аеродром кон некоја странска дестинација.

И пред очи ни излегуваат сите полетувања, слетувања и недлетувања над Македонија, во едно, не така далечно време, кога било која странска дестинација не ни беше така тешко достапна.

Но, овој пат не сакаме звук на мотор додека летаме и заради мир и заради чист воздух додека сме во воздух и сакаме под нас да ги видиме сите нијанси на есента, скоро и да ги допреме.

Има само еден начин, всушност тоа е начинот кој ние го посакувавме, со најмладиот воздухопловен спорт кој интензивно се развива, а тоа е параглајдингот.

И да не е само fly, туку да биде hike&fly....нешто што по светот интензивно се прави, се упативме кон Крушево, на летечка авантура со Скопско SMOOTH кое сакавме да биде наша награда, после летањето и авантурата која со нетрпение ја очекувавме.

И кога се одлучувате за вакво уживање, нема дилема, го барате еден од најискусните и најдобри пилоти во регионот, со импресивни успеси на светската параглајдерска сцена, Игор Тодевски-Антракс.

Се упатуваме под Мечкин Камен, локацијата каде што е полетувалиштето.

Ги сакаме свежите планински утра, она чувство кога ветерот ќе те ошамари за добро утро. Тоа е единственото нешто што те освестува.

Зошто тука има некој чуден мир додека се подготвуваме да полетаме. Си го слушате дишењето. Имате впечаток дека секундите минуваат како минути, а минутите?.... Кој мисли на минутите, мислите на тој миг кога ќе се одлепете од земјата. А потоа....лебдите...и времето стои.

СКОПСКО Smooth и No Man’s Land

Човекот дури кога е во воздух сфаќа колку е отуѓен од себеси, колку е затрупан од стрес, така што заборава да се праша за своите чувства.

Ваквите авантури не секогаш работат преку адреналин, преку исклучиво пукање на ендорфин, хиперактивност и енергизираност.

А ги има.

Тука излегуваат и некои мали анксиозности пред тоа големо пространство, потсетувајќи не какви интимни пространства во себеси затрупуваме.

Пространства кои не повикуваат со себеси да се сретнеме, додека брзините на животот не влечат и мелат. Во небесните пространства сте целосно далеку од луѓе. Небесните пространства се свои, мал ветер ви покажува дека се пркосни, нескротливи, но и бистри, без разлика дали има облаци.

Тие големи небесни пространства секогаш ни јавуваат какви сме внатрешно и колкав затрупан бескрај чека со нив да се стопи.

Овие пространства заслужуваат многу повеќе од ова, се живеат во себеси и со себеси се носат.

Крушево го гледате ситен од воздух, Македониумот изгледа како вселенска станица, шумите на Бушева Планина ги покажуваат најубавите бои на есента, кои само ве враќаат во реалноста дека сте на нашата планета, која во оваа 2020 година ни одржа лекција, дека животот без сите тие инстаграмерски кафиња и странски пива и карти по светот, без нови едукативни искуства и доживувања од секакви патувања, е конечно добро да се помине дома.

Жедни да го доживееме светот за кој сме читале или слушале, заборавивме дека тука до нас имаме места и искуства кои на исто тој свет му даваат поинаква смисла. Сонуваме за летање со параглајдер во Бразил или Јужна Африка, а скоро да не знаеме дека во Крушево се случувало светското првенство во оваа летечка дисциплина, на кое доаѓале луѓе од сите страни на светот. Не е ни чудо што Игор-Антракс во воздух ти кажува, дека во Македонија најубаво се лета, а летал по целиот свет.

Параглајдингот во Крушево не потсети дека сите патишта тука чекаат да бидат поминати и оние асфалтираните и оние кои тоа не се. И да стигнеме до оние точки кога се среќаваме со себеси и со своето сопствено себеоткривање.

Добро е сите од патувањата по светот да употребиме новитети на шмек кои по светот сме ги „украле" за да донесеме дома и да направиме нешто подобро, па и инстрагамерските кафиња фотографирани тука, како и нашето СКОПСКО SMOOTH, дома се навистина кул.

Комерцијален текст

Tags
Скопско

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.