Марио Јовановски и Софија Манчева се вратија во Скопје за да прослават за крунисувањето на љубовта со брак на нивни блиски пријатели.
Македонскиот фитнес пар, кој веќе неколку години живее во Дубаи, изгледаше елегантно на свадбата.
За оваа пригода, Софија избра креација со разголен грб и пердуви во долниот дел од брендот MITROFF.
За враќањето во Македонија, Марио напиша:
„Чувството е посебно кога си дома. Ама полека се јавува чудното чувство на припадност на два паралелни света, од кои во ниту еден не си 100% таму. Не е ниту лошо, ниту добро. Само е чудно.
Веројатно ќе ме разберат оние кои живеат подолг период надвор од дома. Благодарен за се до сега.
Треба да се присетуваме да сме благодарни секој ден, затоа што голема е веројатноста да сме зашеметени од потребата за повеќе, притоа недоволно забележувајќи тоа што веќе е до нас во моментов. За брзо сме назад во Дубаи каде не чекаат многу промени и нови работи. Следиве месеци ќе бидат... луди и незаборавни for sure 🫶“