• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Дониравте ли за настраданите од поплавите во Србија и БиХ?

19 мај 2014, 16:08
  • cподели

Катастрофалните поплави кои го зафатија Балканот ја разбудија хуманоста кај милиони лица кои несебично донираат храна, облека, лекови и средства за хигиена. Илјадници доброволци се упатуваат кон критичните места во Србија и Босна и Херцеговина за да помогнат при евакуацијата на населението и поставувањето на заштитни насипи.

Македонските граѓани непрекинато учествуваат во сѐ побројните хуманитарни акции кои се организираат низ целата држава. Црвениот Крст соопшти дека заклучно до 12 часот денеска, преку телефонските броеви за донација биле собрани 7.300.000 денари.

Со повик на телефоните 070/077/075 143 400 секој може да донира по 100 денари. Финансиските средства ќе бидат уплатени на сметките за помош на Србија и Босна и Херцеговина на 31.05.2014.

ПоплавиЦрвен Крст на Република Македонија

Низа културни настани, концерти и претстави во следниот период ќе бидат од хуманитарен карактер. Голем хуманитарен концерт ќе биде одржан в четврток во 19 часот во салата „Борис Трајковски“. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска соопшти дека на концертот ќе настапат голем број македонски ѕвезди. Картите чинат 150 денари.

И учесниците на музичкото шоу „X Factor Adria“ на 7 јуни ќе пеат во Скопје за помош за жртвите на големите поплави.

Издвојте малку од своето време, информирајте се како може да помогнете и покажете ја својата хуманост. Еден повик на телефоните за донации е најмалку што можете да направите.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.