• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Донација од „Нова“: 25 деца во социјален ризик добија електронски уреди за полесно следење онлајн настава

2 ноември 2020, 14:25
  • cподели

Вкупно 25 деца на самохрани родители кои живеат во социјален ризик ќе добијат електронски уреди за полесно следење на онлајн наставата како донација од меѓународното училиште „Нова“. Меѓународното училиште донираше 25 уреди за следење на настава, од кои половина се нови, а останатите користени, обезбедени во акцијата што ја покренаа училиштето „Нова“ и Асоцијацијата на родители и наставници (PTA) од ова училиште, во соработка со организацијата „Проект среќа“.

Донаторска акција во „Нова“ се спроведуваше изминатиот месец и во неа се вклучија голем број на ученици, родители и наставници од ова училиште. Донација Донација

Уредите денеска (2 ноември) им беа предадени на претставниците на „Проект среќа“ кои понатаму ќе им ги поделат на децата од социјално загрозени заедници.

Од „Нова“ истакнуваат дека недостигот на соодветни уреди за следење на онлајн наставата е сериозен проблем со кој се соочуваат децата од социјално загрозените семејства и поради тоа им е оневозможено соодветно да се вклучат во образовниот процес. Затоа училиштето „Нова“ покрена донаторска акција со цел да им го олесни пристапот на овие деца до поквалитетно образование.

Донација Донација

- Образованието е најважната алка за развојот на децата и основниот темел за градење здраво општество. Сепак, свесни сме дека сите деца немаат еднакви можности за да добијат квалитетно образование и затоа покренавме донаторска акција преку која ќе им помогнеме на дел од децата кои немаат услови да се вклучат во образовниот процес во овие специфични услови што ги наметна пандемијата. Заедницата на „Нова“ секогаш е подготвена во рамките на своите можности да им излезе во пресрет на ранливите групи и да направи промена во општеството кон подобро – велат од „Нова“.

Промотивен текст

Tags
Нова

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.