• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Донација на Ротари Клубот Битола, Ротари Клубот Битола Широк Сокак и македонската амбасада во Виена за битолската болница

15 април 2022, 11:20
  • cподели

Здравството претставува еден од клучните столбови на државата. Обезбедувањето подобри услови во болницата со цел поквалитетна услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници се едни од приоритетите во работењето на Ротари заедницата. Со донации во здравствените установи и инвестиции во сите сегменти на здравството, може да се зборува за градење на одржлив и квалитетен здравствен систем за сите граѓани. Но, приоритетот за донации во здравството се наоѓа на врвот на листата и на Македонската амбасада во Виена, Австрија. Заедничката визија да се обезбедат подобри услови за пациентите во Битола и Ресен резултираше со донација на болнички кревети и перници.

Македонската амбасада во Виена, Австрија во соработка со Ротари Клубот Битола и Ротари Клубот Битола Широк Сокак, заеднички реализираа донација на 50 болнички кревети за потребите на ЈЗУ Клиничка Болница Др. Трифун Пановски- Битола и Здравствен дом- Ресен. Покрај, болничките кревети, донацијата вклучува и перници за Инфективното одделение COVID центарот во Клиничка болница Битола.

Донација Донација Донација

Донација од ваков тип не е прва за битолската болница од страна на Ротари Клубовите. Бројните донации за битолската болница ја покажуваат посветеноста и грижата за здравјето на своите граѓани. Несомнено е дека ваквата практика ќе продолжи понатаму. Основниот мотив за овој тип на донација е подобрување на условите во битолската болница и унапредување на здравјето на пациентите.

Соработката со Македонската амбасада во Виена, Австрија, соработката со Ротари Клубовите од Битола, уште еднаш го потврдува фактот дека соработката на членовите е во насока да се постигне целта, заедницата да стане подобро место за живеење. Ваквиот пристап го потврдува следењето на Ротари мисијата: „Service Above Self“.

Донација
Tags
Ротари клубот Битола
Ротари Клубот Битола Широк Сокак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.