• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Доли Партон замина во легендите: Кралицата на кантри-музиката почина на 80 години по тајна битка со ракот

26 август 2026, 08:40
  • cподели

Доли Партон, една од најголемите музички легенди и најпрепознатливите имиња во кантри-музиката, почина на 80-годишна возраст.

Веста ја потврди нејзиното семејство, а нејзиниот публицист соопшти дека Партон починала „по храбра кратка битка со рак“. Таа издишала за последен пат во Нешвил, опкружена со своите најблиски. 

Нејзиниот внук Брајан Сивер ја соопшти тажната вест преку видеообраќање на социјалните мрежи.

Тој откри дека токму Доли пред години побарала од него тој да биде човекот кој ќе ја соопшти веста за нејзината смрт.

„Доли живееше во светлината“ - порача Сивер, додавајќи дека тагата сега е кај оние кои остануваат на овој свет.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

Партон во последните години отворено зборуваше за своето здравје, особено по смртта на нејзиниот сопруг Карл Дин во март 2025 година.

Само неколку дена пред нејзината смрт, таа призна дека долго време не се грижела доволно за себе додека се грижела за сопругот.

„Не се грижев за себе“ – признала Партон, објаснувајќи дека по неговата смрт сфатила дека занемарила дел од здравствените проблеми со кои требало да се справи.

И покрај влошеното здравје, Доли до самиот крај останала оптимистка и посветена на работата и проектите кои сакала да ги реализира.

Партон е родена на 19 јануари 1946 година во многу мала куќа во Тенеси, како четврто од 12 деца. Потекнува од скромно семејство, но музиката била присутна во нејзиниот дом уште од најрана возраст.

Првата гитара ја добила како дете, започнала да свири на седум години, а набрзо почнала и сама да пишува песни. По завршувањето на средното училиште, се преселила во Нешвил за да ја следи својата музичка кариера.

Во текот на кариерата, која траеше повеќе од половина век, Партон напиша повеќе од 3.000 песни и објави 49 албуми. Освои 11 награди Греми и стана една од најуспешните кантри-изведувачки кои направија огромен успех и на поп-сцената.

Нејзините песни „Jolene“, „I Will Always Love You“, „9 to 5“ и „Coat of Many Colors“ станаа безвременски класици.

Особено место во нејзината кариера има „I Will Always Love You“, песна која Партон ја напишала додека се обидувала професионално да се раздели од Портер Вагонер. Децении подоцна, верзијата на Витни Хјустон ја претвори песната во светски мегахит.

Доли не беше само музичка икона. Таа остави огромен белег и со својата хуманитарна работа.

Нејзината „Imagination Library“ досега има подарено повеќе од 300 милиони книги на деца ширум светот, а програмата прерасна во едно од најзначајните иницијативи за рана писменост и подарување книги.

За време на пандемијата со КОВИД-19, Партон донираше еден милион долари за истражувањето на коронавирусот на Универзитетот „Вандербилт“, средства кои помогнаа во развојот на вакцината на „Модерна“.

Таа ја основаше и фондацијата „Dollywood“, а нејзината успешна кариера ја претвори во можност да поддржува образование, семејства погодени од природни катастрофи и бројни други хуманитарни иницијативи.

Покрај музиката и хуманоста, една од најубавите приказни поврзани со Доли е нејзиниот речиси шестдецениски брак со Карл Дин.

Тие се запознале уште кога Партон пристигнала во Нешвил, а се венчале во 1966 година. Карл главно се држел подалеку од јавноста, но со години бил нејзина најголема поддршка.

Дин почина во март 2025 година на 82-годишна возраст, по 59 години брак со Доли. По неговата смрт, таа ја објави песната „If You Hadn’t Been There“, посветена на нивната љубов.

Tags
Доли Партон

Најнови

  • Доли Партон замина во легендите: Кралицата на кантри-музиката почина на 80 години по тајна битка со ракот

    Wed, 08/26/2026 - 08:40
  • 10 години врска+8 години брак=18 години полнолетство: Јоце Панов ѝ честиташе годишнина на сопругата Марина

    Tue, 08/25/2026 - 15:15
  • Денес полни 38 години и изгледа беспрекорно: Катарина Ивановска шармира на летните фотографии

    Tue, 08/25/2026 - 13:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.