• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Дојди на кафе и локум!

8 јануари 2019, 12:05
  • cподели

Веројатно еден од најпознатите традиционални деликатеси во Македонија е локумот. Идеален додаток со кафе, но и совршен десерт за оние кои постат, домашниот локум е незаменлив десерт во секој дом. Тоа е мало слатко задоволство од скроб и шеќер, со парченца ореви, ф'стаци или лешници и вкус на вода од роза, наросено со шеќер во прав.

Локум

Во денешни времиња ова турско задоволство – како што гласи и неговото второ име, на овие простори е малку подзаборавено поради сите возможни и невозможни десерти кои ги имаме во продавниците. Но, ако ги прашате постарите, особено во руралните подрачја и помалите градови, тие ќе ви кажат дека нема повкусно слатко од тазе локум со кафе. Во арапскиот свет, локумот се нарекува ал-халкум што во буквален превод значи "утеха на грлото", така што со право можеме локумот да го наречеме вистински деликатес кој опстојува на овие простори со векови.

Локум

Точното потекло на овој десерт сè уште не е утврдено, но една од легендите вели дека пред доаѓањето на рафинираниот шеќер во доцниот 18 век, Османлиите правеле сирова верзија на локум со користење мед или мармалад, концентриран гроздов сируп и пченкарно брашно. Хаџи Бекир, станал познат поради неговата генијална употреба на бел шеќер и пченкарен скроб и ја отворил својата прва продавница за кондиторски производи во 1777 година. Тој потоа бил повикан во Палатата Топкапи да стане пионер во развојот на она што денес претставува една од знаменитостите на Турција. Семејниот бизнис, сега во својата петта генерација, сè уште работи под името на основачот, а варијации на локумот може да се најдат во сите региони на Турција.

Овој веќе редок деликатес не може секогаш да се најде на полиците во супер маркетите. Затоа визијата на компанијата Дониа во Прилеп повторно да ни го доближи вкусот на локумот е навистина за пофалба. Дониа денес е дел од реномираната компанија Макпрогрес и претставува национален бренд со доверба и асоцијација за традиционални и квалитетни производи кои се 100% природни.

Дониа, локумите, желето и алвата се дистрибуираат на национално ниво но и на пазарите во странство, како македонски производи, подготвени по традиционален рецепт.

Локум

Комерцијален текст

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.