• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Дојде да ме научиш повторно да живеам“: Марија Шерифовиќ емотивна на вториот роденден на синчето Марио

2 декември 2025, 11:08
  • cподели

Во домот на Марија Шерифовиќ има посебен повод за славење.

Синчето на 41-годишната српска пејачка го слави својот втор роденден. По тој повод, Марија објави слатка фотографија на која го држи малото детенце кое го доби со помош на сурогат-мајка на 2 декември 2023 година.

Во описот, напиша емотивна порака со која насолзи многу очи:

Сине мој, радост моја најголема.

Денес славиме заедно. 💙🙏🏼💙

Го славиме твојот живот и мојот втор роденден откако бев избрана токму јас да бидам твојата мајка. Мое нежно русокосо момче, колку ни ги промени животите на сите. Колку нè учиш на сè, ти толку мал и малечок.

Ти благодарам што дојде баш кај мене, да ме научиш повторно да живеам.

На Instagram Story, Марија сподели и видео во кое Марио ја пее својата омилена песна „APT.“.

Откако го доби Марио, Марија сподели дека се обидела самата да износи бременост, но дека не успеала и дека затоа се решила за сурогат-мајка.

Во повеќе наврати се обидував сама да износам бременост, но поради потешкотии, не успеав – рекла таа.

Големата желба да имам дете ме водеше низ тој комплексен процес – додала српската пејачка.

Шерифовиќ Шерифовиќ

Tags
Марија Шерифовиќ

Најнови

  • Среќна по разводот: Џесика Алба со 12 години помладиот дечко на плажа во Мајами

    Wed, 05/27/2026 - 12:00
  • „Селското ќе го имам цел живот, се гордеам со мојот Тимјаник“: Тоше Зафиров им возврати на оние кои го нарекуваат „сељак“

    Wed, 05/27/2026 - 11:06
  • „Ружа са југа“: Спотот на Бобан Рајовиќ за песната посветена на Македонија снимен на наши прекрасни локации

    Wed, 05/27/2026 - 10:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.