• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Дојче Телеком го лансира Проектот Futureproof за поддршка на Генерацијата Z

19 мај 2021, 11:41
  • cподели
  • Според истражувањето на Дојче Телеком младите се сè повеќе загрижени за својата перспектива
  • Проектот Futureproof е платформа којашто ги открива вештините на младите луѓе и им помага во изборот на идната кариера

Проектот Futureproof на Дојче Телеком, поддржан од Били Ајлиш - седумкратната добитничка на Греми, има за цел да го искористи дигиталниот оптимизам за да овозможи успешна иднина за следната генерација - Генерацијата Z.

Проектот е платформа за поддршка којашто е развиена за да го демонстрира огромниот потенцијал на Генерацијата Z, да ги открие вештините на младите и да им помогне да го идентификуваат нивниот иден кариерен пат. Развиен е во соработка со припадници на генерацијата Z и група на експерти за стручни вештини и вработување.

„Иднината е неизвесна“, вели Били Ајлиш, „но јас секогаш се инспирирам од она што нашата генерација може да го постигне и покрај тоа што е соочена со многубројни предизвици“.

Проектот Futureproof

Во постпандемискиот свет, младата генерација се соочува со многу културни, социјални и економски неизвесности. Истражувањето коешто го спроведе Дојче Телеком со 4000 млади луѓе на возраст од 16 до 26 години покажува дека 61% од европските припадници на Генерацијата Z се загрижени за својата перспектива и изборот на кариера. 54% не се сигурни какви сѐ кариери ќе постојат во иднина, а 43% изјавиле дека не се сигурни дали ги поседуваат квалитетите коишто се потребни за да успеат.

Светот во кој Генерацијата Z треба да почне да работи ќе биде фундаментално променет, како од пандемијата на Ковид-19, така и од дигиталната трансформација.

Токму затоа е создадена дигиталната алатка со слободен пристап којашто ѝ помага на Генерацијата Z подобро да ги разбере своите потенцијали и најдобро да ги искористи. Оваа алатка ги идентификува клучните трендови и промени во светот и им помага на младите да откријат како најдобро личните пасии, вештини и таленти да ги искористат за својот професионален развој.

Заедно со алатката, онлајн центарот на Проектот Futureproof содржи и корисни совети за пишување професионални биографии, подготвување за интервјуа за работа и подобрување на профилите на социјалните медиуми.

Ова е продолжување на сорабoтката на Дојче Телеком со Били Ајлиш. Во 2020 година, кампањата ја потенцираше моќта и потенцијалот на поврзаната технологија за младите.

Проектот Futureproof е следна фаза од мисијата на Дојче Телеком да ја поддржи Генерацијата Z и да им овозможи еднакво учество во социјалниот, економскиот и културниот живот.

За дополнителни информации, посети ја страницата: https://www.telekom.mk/wearefutureproof.nspx

Tags
Futureproof
Македонски Телеком
Били Ајлиш

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.