Договор за распуст: Како престанав да бидам „банкомат“ за син ми и го научив на одговорност
Распустот кај нас носи летен ритуал кој веројатно им е познат на многу родители. Додека набрзина го пијам кафето пред работа, мојот 13-годишен син мрзеливо се буди со свои планови за денот и тоа отприлика изгледа вака: возење точаци, гејминг или базен, па дружба во паркчето.
И кога сум на чекор пред вратата, следи неизбежното: „Мамо, остави ми некоја стотка и фрли нешто плус да ми се најде за секој случај“.
Веројатно излишно е да кажам дека се чувствувам како подвижен банкомат, а притоа ми се палат неколку „црвени сијалички“. Прво, знам дека банкнотите имаат тенденција магично да му испаѓаат од џебовите на шорцевите додека вози точак. Второ, кусур дома речиси никогаш не се враќа. И трето, цел ден на работа се мислам дали изел нешто колку-толку хранливо или живее на сок и сладолед.
Потполно јасно ми е дека на секој тазе тинејџер му е потребна независност, но сепак, не сакав да ја изгубам контролата. Затоа, летово решив да го смениме пристапот. Седнавме и склучивме вистински „Договор за распуст“. Во кратки црти, тој добива неделен буџет и своја лична платежна картичка, а јас престанувам да изигрувам инспектор за секој потрошен денар.
Дигитален џепарлак што не испаѓа од џебови
Да бидам искрена, кога му кажав дека ќе добие картичка на свое име, очите му светнаа како да добил клуч од автомобил. Веќе од блиска колешка имав слушано за Halki, вистинска платежна дебитна картичка за деца од 9 до 15 години, па ја гледав како клучна за да успее нашиот семеен договор.
Но, она што навистина му го направи меракот е што картичката веднаш ја дигитализиравме на неговиот телефон преку Apple Pay (а функционира и со Google Pay и Fidesmo Pay). За новите генерации, носењето картичка е веќе „демоде“ и плаќањето со телефонот носи „покул“ статус во друштвото.
Сега слободно може да си купува со допир на телефонот или да вади готовина од банкомат (целосно бесплатно, и тука и во странство, што е супер за претстојниот камп).
Од дневен банкомат до менаџер од сенка
Иако договорот значеше финансиска слобода за него, за мене донесе апсолутен мир:
- СМС известувања за секој чекор. Знам каде се движи и на што ги троши парите.
- Контрола на лимитот. За да не се случи трошење на целиот буџет во еден ден, т.е. неделниот џепарлак да испари во вторник, одредивме лимит. Иако релативно брзо се договоривме за дневен лимит, знам дека понекогаш ќе излегуваат и дополнителни трошоци како подароци за родендени. Но, тогаш, можам за секунди да го променам лимитот преку моето мобилно банкарство.
- Бесплатни трансфери. Ако му притребаат пари итно, не морам да трчам од работа. Му префрлам средства од мојата сметка на неговата бесплатно и за миг.
- Инстантно блокирање. Децата се деца, нормално е да постои шанса да го заборави телефонот или картичката на базен или во парк. Но, ако некако успее да ја изгуби, можам да ја блокирам инстантно преку мојата апликација. Без драма, без паника.
Задолжителна лектира пред банка: YouTube лекции со Јоана
Во нашиот „Договор за распуст“ имаше една важна клаузула. Пред да му ја дадам довербата (и картичката), сакав да бидам сигурна дека ги разбира основите на трошењето. Но, бидејќи знам дека моите класични предавања од типот „парите не растат на дрво“ резултираат со инстант ментално исклучување, решив да играм поитро.
Едукацијата ѝ ја препуштив на Јоана Коцев, „финфлуенсерката“ на Халкбанк. Заедно ги изгледавме нејзините кратки видеа на YouTube, во кои на нивни јазик и низ забавни примери објаснува што се импулсивни купувања и како паметно да се менаџира буџетот. Win-win! Јас не морав да звучам како строга мајка, тој не се чувствуваше како да е на училиште, а сепак доби ултра важни лекции како „Парите не растат на дрво, туку во банка“.
Сакате да се ослободите од улогата на „дневен банкомат“ и да им дадете вредна животна лекција на децата, аплицирајте за Halki уште денес и ќе се спасите од многу главоболки.