• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Доделени главните награди на „Браќа Манаки“, стоечки овации за македонскиот филм „Диџеј Ахмет“

27 септември 2025, 13:33
  • cподели

Повеќеминутен громогласен аплауз и стоечки овации доби екипата на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на затворањето на 46-тото издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

Филмот на Георги М. Унковски ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина.

Главните улоги ги играат Ариф Јакуп, Дора АканЗлатанова и Агуш Агушев, кои за прв пат се појавуваат на филмското платно, како и Аксел Мехмет. Во останатите улоги се: Селпин Керим, Атила Клинче, Елхаме Билал, Адем Карага, Хакан Даци, Метин Ибрахим, Јеткин Сезаир и други. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска.

Браќа Манаки Браќа Манаки

За време на свечената манифестација во Битола беа доделени и главните награди.

Браќа Манаки

На Воли Фистер му беше врачена Специјалната награда Златна камера 300 за исклучителен придонес во светската кинематографија. Наградата му ја додели директорот на фестивалот Димитрија Доксевски, кој рече дека со голема радост му ја врачува оваа награда на човекот кој има срце поголемо од планина:

„Овој генијален кинематографер, кој создава генијални дела и е еден од најголемите во светот. Нашиот пријател на Манаки, нашиот драг гостин и ценет лауреат, Воли Фистер.“

Во својот говор, добитникот Фистер рече дека е голема чест да се биде во Битола:

„Ние доаѓаме како вонземјани, доаѓаме од Холивуд и го најдовме овој мал град Битола, за кој не знаев досега. Дојдов овде и ја видов магичната прослава на уметноста на кинематографијата и тоа за мене е неверојатно искуство. Од моментот кога излегов од автомобилот, наидов на топол пречек и прошетав по главната улица на градот и неговата прекрасна архитектура и од сите бев топло пречекан. Ова е посебно место, ви благодарам и се надевам дека повторно ќе се вратам.“

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Победник на Фестивалот е Давид Шамбиј, кој освои Златна камера 300 за филмот „Нов бран“, поради не само убаво, туку и уверливо прикажаните слики и поради тоа што камерата носи енергија и дух на слобода на легендарниот Француски нов бран.

„Среќен сум за наградата бидејќи доаѓа од прекрасен фестивал и од кинематографери“ – рече Шамбиј и посочи дека трпението и енергијата се најважни.

„Треба да верувате во својата визија и во себе“ – додаде тој.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата Сребрена камера 300 заврши во рацете на кинематограферката Олимпија Митилинају за филмот „Тивок живот“. Митилинају мошне емотивно ја прими наградата, велејќи дека останала без зборови и се заблагодари на фестивалот, жирито, режисерот и на нејзините родители.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Бронзена камера 300 му беше доделена на шпанскиот кинематографер Мауро Херце за филмот „Сират“. Херце се заблагодари преку видео-порака и рече дека би сакал наскоро да дојде во Битола.

Браќа Манаки

Жирито во состав Лара Виланова, Карла Црнчевиќ и Роберт Јанкулоски, одлучи наградата Железната камера 300 во документарната програма да му ја додели на Лука Коасин за филмот „Рудник“.

„Му благодарам најпрво на целиот мој тим. Ние сме ништо без тимот. Им благодарам и на членовите на жирито и на режисерот за довербата“ – рече Коасин и им порача на младите кинематографери да работат со страст.

Браќа Манаки Браќа Манаки

За филмовите во селекцијата на кратки филмови одлучуваше жирито во состав Тудор Пандуру, Марко Брдар и Марија Џиџева. Наградата Мала камера 300 тие му ја доделија на Мајкл Конг за филмот „Кога гуските летаа“.

За студентската програма одлучуваше истото жири и наградата Кристална камера ѝ ја доделија на Лиса Јилг за филмот „Костимот за капење“.

Фестивалот се одржуваше од 20 до 26 септември под мотото „Сон на платно“.

Браќа Манаки

Фото: Ивона Кочов / Femina.mk

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.