• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Доби комплименти од Цеца и Дара Бубамара: Тамара Волческа го одушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“

22 септември 2026, 12:19
  • cподели

Тамара Волческа е новата македонска учесничка која го привлече вниманието во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. 

29-годишната пејачка, која веќе има долгогодишно искуство со настапи и гради музичка кариера во Македонија, со својот прв настап пред жирито покажа дека на сцената се чувствува како дома.

Со две различни песни, моќна интерпретација и впечатлива сценска енергија, талентираната девојка од Гостивар освои шест гласа и обезбеди директен пласман во следниот круг. Таа ги испеа „Kad Varaš Ti“ од Тоше Проески и „Stipu Gatibo“ од Младен Војичиќ - Тифа.

ВИДЕО:

Прва „да“ ѝ даде Сања Вучиќ, која беше воодушевена од начинот на кој Тамара ја освои сцената.

„Јас твојот настап би му го покажувала на секој кандидат како треба да изгледа, што значи да се владее со сцената, што значи да се има експресија, што значи да се биде претставителен, како се прави тоа на најпрофесионален начин. Ти пееш како да се занимаваш со ова повеќе од 10 години. Се воодушевив, се ежев цело време и на твојата емоција, колку можеш да ја покажеш. Потполно ти верував во сè што ти вечерва ни кажа. Многу те сакам во мојот тим“ - ѝ рече Сања.

Не изостанаа пофалбите ниту од Дара Бубамара, која особено ја истакна нејзината сигурност и бојата на гласот.

„Колку е енергична, колку е сигурна во себе, така пееше од самиот почеток, толку театрално го изведе секој збор... Не знам дали пред мене е пејачка, актерка, шоумен, секоја чест навистина. И добар избор на песни. Како да се занимаваш 20 години со оваа работа, буквално немам замерки. Дури, она што најмногу ми се допаѓа е твојата боја на гласот, многу моќна“ - додаде Дара.

Тамара, пак, призна дека и покрај искуството, настапот на вакво големо регионално музичко шоу носи поинаква трема.

„Ова е мој фах, јас сакам ова да го пеам, но секогаш е различно, затоа што пеам сè... Но ова е посебен вид на настап, па да, се исплашив...“ - искрено му одговори таа на Милиграм.

И Цеца имаше само пофални зборови за македонската пејачка.

„Мислам дека си вредна за внимание, имаш сјајна енергија, имаш феноменална боја... Мислам дека си дијамант кој ни дошол од Македонија“ - ѝ порача таа.

Ѓорѓе Давид, пак, забележа дека Тамара со двете песни покажала две сосема различни страни од својот вокален и сценски израз. 

„Во првата песна толку женственост и женска драматика, без оглед на тремата... А втората песна една машка енергија која можам да ја споредам со Калиопи. Така што тоа ми ја заврте главата. Ти имаш сериозно многу квалитет, мислам дека со тебе може многу да се работи, да растеш во ова натпреварување многу добро“ - рече тој.

Волческа ќе го има Мили за ментор низ натпреварувањето и вели дека ова е само почеток на едно ново поглавје.

„Не постојат зборови кои можат да ја опишат благодарноста што ја имам за секој коментар и поддршка што ми ја дадовте во неполни 24 часа после емитувањето. Ако е вака после само прва емисија од „Ѕвездите на Гранд“, тогаш јас сум најсреќниот човек на светот, па дури и ова патување да заврши утре.

Не сум сè уште свесна што се случи и што ќе се случува, ама едно знам, а тоа е дека со полна плуќа ќе го уживам секој даден миг на оваа нова отворена патека.

Ви благодарам од срце, бидете ми тука, без вас нема шоу♥️

Ве сака Волческа до небо🌟“ - напиша гостиварчанката на социјалните мрежи, по емитувањето на емисијата. 

Посебна поддршка имаше и од својата мајка, која во емисијата откри дека уште од најрана возраст верувала дека нејзината ќерка е родена за сцена.

Волческа покрај тоа што пее, е и текстописец, а веќе четири години професионално настапува на различни прослави и музички настани низ Македонија. 

Ако судиме според првата реакција на жирито и публиката, таа има уште многу што да покаже во „Ѕвездите на Гранд“.

Tags
Тамара Волческа

Најнови

  • Хуманитарна трка

    „Трчаме со срце“ - 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

    Tue, 09/22/2026 - 12:45
  • Уметничка инсталација на Сатја Грабул за Алкалоид

    Од фабричкиот оџак висок 34 метри до уметничко дело: Нов живот за историскиот знак на „Алкалоид“ во инсталација на Сатја Грабул

    Tue, 09/22/2026 - 12:31
  • Доби комплименти од Цеца и Дара Бубамара: Тамара Волческа го одушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“

    Tue, 09/22/2026 - 12:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.