• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Доаѓам појакa и поискуснa“: Македонката Мирјана Митрева го освои жирито во „Ѕвездите на Гранд“

28 ноември 2025, 12:48
  • cподели

Со моќен настап кој ги крена публиката и жирито на нозе, Мирјана Митрева обезбеди директен пласман во вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи дури осум гласа од жирито.

Мирјана се претстави со песните „More pelina“ на Марија Шерифовиќ и „Glavo luda“ на Здравко Чолиќ, а уште во првите 20 секунди ја освои поддршката на Цеца Ражнатовиќ, што беше јасен сигнал дека на сцената се вратила со поинаква енергија и зрелост. Минатата година, под менторство на Ѓорѓе Давид, стигна до четвртиот круг, но оваа сезона реши да оди уште подалеку и да го покаже својот целосен потенцијал.

Видео од настапот

Интересот за неа дополнително расте и поради фактот што во последните две сезони победници беа нашите Македонци, Славица Ангелова и Никола Станишиќ, па сосема природно се поставува прашањето дали Македонија повторно ќе ја понесе титулата оваа година.

За Фемина, младата кавадарчанка вели дека е девојка што живее за музиката:

Музиката е мојот начин на живот и место каде најискрено се изразувам. По природа сум темпераментна и тврдоглава – се борам за она што го сакам и никогаш не се откажувам.

Мирјана Митрева

По нејзиното враќање на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, станува јасно дека оваа година доаѓа со сосема поинаква сила и самодоверба. Талентираната пејачка открива што ја мотивирало повторно да застане пред жирито и што гледачите може да очекуваат од неа.

Се враќам затоа што чувствував дека приказната не е завршена. Овој пат доаѓам појакa, поискуснa, со поцврста визија и со уште поголема желба да покажам што навистина можам.

Очекувајте многу енергија, одлични сценски креации, стил кој ме претставува и изведби полни со емоција – затоа што сметам дека ова е моето време“ - вели таа.

Пред следниот настап, младата пејачка работи со голема посветеност. Вели дека ништо не препушта на случајноста и дека за неа подготовката започнува од идејата, а завршува со најситниот сценски детаљ.

Подготвувам нешто модерно емотивно и сценски впечатливо. Со себе носам приказна, глас, енергија, емоција и став.

Работам на песна што ме инспирира и ми лежи вокално, а паралелно вложувам внимание и во сценскиот настап и стајлингот. Перфекционист сум и секогаш навлегувам до најситен детаљ.

Мирјана Митрева

Иако сезонава повторно сите членови на жирито ја посакаа во својот тим, Мирјана остана верна на својот избор и повторно го избра Ѓорѓе Давид како ментор.

Го избрав повторно затоа што го ценам неговиот професионален пристап и резултатите што ги гледам кај кандидатите со кои работи. Тој има јасна визија, силна дисциплина и знае да препознае што му треба на еден пејач за да напредува на сцена. Мене ми одговара неговиот начин на работа и тоа што умеe директно да каже што е добро, а што треба да се поправи. Сметам дека со него можам да бидам својот максимален потенцијал и затоа повторно го направив истиот избор“ - објаснува таа.

Надвор од сцената, Мирјана води живот исполнет со обврски, но и со моменти што ѝ даваат мир и рамнотежа. Таа открива како изгледа нејзиното секојдневие кога не е под рефлектори:

Кога не сум на сцена или на проба, јас сум студент и фокусирам време и енергија и кон образованието затоа што верувам дека човек треба постојано да се надградува. Освен тоа, сакам да одам во теретана и да се грижам за себе и физички и ментално. Најмногу ме смирува кога ќе прошетам во природа, а кога сакам нешто поинтимно - читам или пишувам. Тоа се моменти што ме враќаат во баланс и ме инспирираат да бидам уште подобра во она што го правам.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Мирјана Митрева
Ѕвездите на Гранд

Најнови

  • Жените имаат потреба од женска вечер на секои 22 дена за да бидат поисполнети

    Fri, 11/28/2025 - 13:55
  • Мирјана Митрева во „Ѕвездите на Гранд“

    „Доаѓам појакa и поискуснa“: Македонката Мирјана Митрева го освои жирито во „Ѕвездите на Гранд“

    Fri, 11/28/2025 - 12:48
  • Доживотен затвор за фемицид: Италија најстрого ќе го казнува убиството на жена

    Fri, 11/28/2025 - 12:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.