• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

dmBio е мојот избор за посни оброци - органски производи по секогаш поволни цени

16 март 2026, 15:32
  • cподели
Избор за посни оброци

Во периодот на пости, кога секојдневното мени бара повеќе внимание, инспирација и внимателен избор на состојки, dm со производите од марката dmBio нуди практични решенија за подготовка на разновидни, вкусни и органски оброци. Во dm продавниците можете да пронајдете сè што ви е потребно за подготовка на посни оброци, и тоа по секогаш поволни цени. Затоа, dmBio е вистинскиот избор кога сакате на едно место да најдете производи за појадок, главен оброк, ужина или десерт.

За оние што сакаат хранлив и поинаков почеток на денот, dmBio овесниот леб со семки е практичен избор. Станува збор за вегански производ богат со влакна, кој се издвојува со сочниот вкус и внимателно одбраниот состав со семки од сончоглед, лен и тиква. Подготвен е без брашно и без квасец, што го прави посебен дел од секојдневната понуда. Одличен е како основа за појадок, лесен оброк или ужина и е достапен по цена од 159 денари.

dmBio овесен леб со семки

Кога станува збор за подготовка на посни главни јадења, dmBio црвената леќа е особено практичен избор. Овој органски производ е погоден за вегански јадења и за различни секојдневни рецепти. Не содржи вештачки бои и е идеална за подготовка на супи, чорби, и пире. Со својот благ, јаткаст вкус и разновидната примена, лесно се вклопува и во салати, намази или како прилог во јадења инспирирани од ориенталната кујна. 500 г. од црвената леќа чини 125 денари.

dmBio црвената леќ

За оние што сакаат да внесат повеќе разновидност во секојдневната исхрана, dmBio мешавината за хариса фалафел нуди практично и вкусно решение. Подготвена е од внимателно избрана леблебија, а пиперката и чили правот ѝ даваат пријатна пикантност. Овој производ овозможува брза и едноставна подготовка на 13 до 15 парчиња и е одличен избор за сервирање во салати, лепчиња или во комбинација со кисел зеленчук. Достапен е по цена од 99 денари.

dmBio мешавината за хариса фалафел

Во асортиманот за посни оброци свое место има и dmBio сејтанот, кој претставува растителна замена за месо. Се одликува со неутрален вкус, богата содржина на протеини и разновидна примена во кујната. Лесно се комбинира со различни зачини, сосови и зеленчук и токму затоа, претставува практичен избор за сите што сакаат едноставно да подготват посен оброк со растителен извор на протеини. Достапен е по цена од 169 денари.

dmBio сејтан

За брза подготовка на разновидни јадења и прилози, тука е и dmBio органскиот кус-кус. Неговата едноставна и брза подготовка го прави одличен избор за секојдневни оброци, без разлика дали се комбинира со зеленчук, се подготвува како салата или се сервира како прилог. Инспириран од вкусовите на ориенталната кујна, кус-кусот внесува дополнителна разновидност во посното мени и е достапен по цена од 119 денари.

dmBio органски кус-кус

Кога станува збор за слатки рецепти, пијалаци или појадок, dmBio сирупот од агавe нуди практично решение за засладување. Овој органски производ со интензивна сладост е погоден за засладување пијалаци, мусли и различни слатки јадења, но и за употреба при печење. Како вегански производ за засладување, тој е едноставен начин за дополнување на посни десерти и секојдневни рецепти. Достапен е по цена од 229 денари, во пакување од 360 мл.

dmBio сируп од агавe

Во dm продавниците изборот е навистина широк, па покрај овие производи, може да се најдат и галети од леблебија, напиток од бадем, врапови со спелта, сок од лимон, суви сливи и гранола, но и многу повеќе производи од dmBio понудата, создадени за секојдневна инспирација во подготовката на посни оброци - секогаш по поволни цени.

Tags
dm

Најнови

  • Избор за посни оброци

    dmBio е мојот избор за посни оброци - органски производи по секогаш поволни цени

    Mon, 03/16/2026 - 15:32
  • „Ако утре ме нема“, „Време за плачење“: Емотивниот концерт на Тамара Тодевска за ДНК и сите жртви во пожарот

    Mon, 03/16/2026 - 13:28
  • Утрото што не дојде

    „Останаа имиња што премногу рано станаа спомени“: Потресни стихови на Пере за „утрото што не дојде“

    Mon, 03/16/2026 - 12:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.