• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm обезбеди повеќе од 320 000 бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети во академската 2025/2026 година

30 јануари 2026, 13:17
  • cподели
Никогаш повеќе сама на dm

Проектот „Никогаш повеќе сама“, кој компанијата dm drogerie markt го реализира со цел унапредување на менструалната правда и обезбедување бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети, продолжува и во вториот семестар од студентската 2025/2026 година. Врз основа на досегашните резултати и утврдените потреби, проектот влегува во следната фаза со проширен обем и дополнително зајакнати активности.

Во рамки на вториот семестар веќе се распределени повеќе од 6 000 пакувања Jessa влошки, односно повеќе од 200 000 поединечни хигиенски влошки, во вкупна вредност од 655 000 денари. Оваа донација се надоврзува на активностите од првиот семестар, кога во октомври 2025 година беа доделени 3 850 пакувања, односно повеќе од 120 000 поединечни Jessa влошки, во вредност од 420 000 денари. Со вкупната донација во двата семестри, во текот на студентската 2025/2026 година се обезбедени повеќе од 320 000 поединечни хигиенски влошки, чија вредност надминува 1 милион денари.

Никогаш повеќе сама на dm

Поддршката претставува продолжение на активностите започнати во октомври 2024 година, кога проектот „Никогаш повеќе сама“ беше воспоставен на сите државни факултети низ земјата преку поставување на повеќе од 220 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки. Во текот на студентската 2024/2025 година, во двата семестри, беа донирани и 230 000 поединечни Jessa влошки, со што вредноста на донацијата беше 1,8 милиони денари.

„Многу ме радува што продолжуваме со полна пареа да го реализираме проектот ‘Никогаш повеќе сама’. Овој проект за нас не е само донација или краткорочна акција, туку долгорочна заложба да бидеме вистинска поддршка таму каде што е најпотребно. Затоа нашата цел е трајно да придонесуваме кон намалување на менструалната сиромаштија и создавање услови во кои секоја млада девојка може да студира со повеќе сигурност и мир. Остануваме посветени овој проект да продолжи да расте и да допира до сè поголем број студентки низ државата.“ – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникација во dm.

Главниот лик на „Никогаш повеќе сама“ е Bestie  - виртуелна најдобра другарка на секоја студентка. Со цел унапредување на квалитетот на имплементацијата и обезбедување навремено и редовно полнење на диспанзерите, од ноември 2025 година е отворен повик за пријава на Bestie амбасадорки наменет за студентки на сите факултети кои континуирано ќе ја проверуваат состојбата на диспанзерите и ќе ја информираат компанијата. Нивната улога е да придонесат кон подобра координација на проектот и одржување на континуитетот на поддршката на терен.

Со реализацијата на проектот „Никогаш повеќе сама“, компанијата продолжува да го гради својот пристап кон општествено одговорното работење, насочен кон намалување на бариерите поврзани со менструалната сиромаштија и создавање подостојни услови за студирање. Вкупната вредност на донациите во рамки на проектот досега изнесува повеќе од 2,8 милиони денари.

Иницијативата „Никогаш повеќе сама“ претставува симбол на инспирација, охрабрување и заедништво. Таа ја нагласува важноста од заедничка поддршка и солидарност, при што Bestie и dm заедно придонесуваат кон создавање општество во кое секоја жена има непречен пристап до основни хигиенски производи. На тој начин се гради средина во која се почитуваат достоинството, слободата и еднаквоста, а чувството на сигурност и припадност станува заедничка вредност.

Tags
dm

Најнови

  • Никогаш повеќе сама на dm

    dm обезбеди повеќе од 320 000 бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети во академската 2025/2026 година

    Fri, 01/30/2026 - 13:17
  • Гоца Тржан искрено за борбата да има уште едно дете: „Не би се лутела ако Раша се предомисли и посака дете со друга жена“

    Fri, 01/30/2026 - 12:55
  • Тамара Тодевска со децата

    „Не жалам за ништо, сакам да им обезбедам убаво и среќно детство на Хана и Дарен“: Тамара Тодевска искрена за мајчинството

    Fri, 01/30/2026 - 12:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.