• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm и „Матрона“ одржаа бесплатна обука во Скопје за правилна исхрана кај деца и орална хигиена кај трудници и деца

18 јуни 2026, 13:00
  • cподели
Обука на dm i Матрона

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, одржа бесплатна едукативна и интерактивна обука на тема „Правилна исхрана кај деца во најрана возраст и важноста на оралната хигиена кај трудници и деца“. Настанот се одржа на 17 јуни во „Јавна соба“ во Скопје, со присуство на повеќе од 40 учесници.

Обуката беше посветена на две важни теми поврзани со здравиот развој на детето уште од најрана возраст, но и со грижата за здравјето на мајката. Предавањата ги одржаа прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, и спец. д-р Бојан Ангеловски, стоматолог, кои преку стручни насоки, практични совети и интерактивен пристап се осврнаа на правилната исхрана кај децата, навиките што се формираат во првите години од животот, како и на значењето на оралната хигиена кај трудниците и децата.

Присутните имаа можност директно да разговараат со стручните лица, да постават прашања и да добијат проверени информации поврзани со секојдневната грижа за здравјето на мајката и детето.

Обука на dm i Матрона
Обука на dm i Матрона

Како дополнителна поддршка, секој учесник доби и специјален ваучер за 15% попуст за купување на babylove производите во dm продавниците и babylove торба со производи, со што едукативната средба доби и практична вредност за семејствата. Темите предизвикаа интерес кај учесниците, особено поради нивната примена во секојдневието на идните родители, мајките и семејствата.

Обука на dm i Матрона

Оваа едукативна средба е дел од „Караванот на мајчинство“, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат поддршка, едукација и охрабрување за мајките, идните родители и семејствата. Годинешното издание на караванот започна со онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“, продолжи со обуката „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, одржана на 23 март, како и со обуката „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“, одржана на 22 април.

Како дел од годинешната програма, на 20 мај во Битола беше одржана и бесплатна едукативна средба на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“, со што „Караванот на мајчинство“ продолжи и со средби во живо. Настанот во Скопје беше продолжување на оваа практика и овозможи директна едукативна средба со стручни лица, посветена на теми што се важни за секојдневието на современите семејства.

Од dm посочуваат дека целта на оваа иницијатива е да им овозможи на семејствата пристап до релевантни информации, проверени стручни лица и практична поддршка во различни фази од родителството, преку теми што се значајни за здравјето, развојот и секојдневната грижа за најмладите.

dm drogerie markt и „Матрона“ и понатаму ќе продолжат со активности насочени кон едукација и поддршка на родителите, со фокус на проверени стручни информации, превенција и унапредување на здравјето на мајките и децата.

Tags
dm
Матрона

Најнови

  • Христина Пан со семејството во Грција

    Прв одмор со три деца: Христина Пан ужива со ќерките и сопругот во Грција

    Thu, 06/18/2026 - 13:34
  • Обука на dm i Матрона

    dm и „Матрона“ одржаа бесплатна обука во Скопје за правилна исхрана кај деца и орална хигиена кај трудници и деца

    Thu, 06/18/2026 - 13:00
  • Жито Лукс

    Откриј ги трите најнеобични комбинации за сендвич

    Thu, 06/18/2026 - 12:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.